Чесен личен изглед што е за пофалба
1. Кога се подготвуваме за обласниот конгрес, зошто треба да размислиме за нашиот изглед?
1 „Јеховините сведоци се најдобри! Вашите луѓе се љубезни и убаво облечени, и покажуваат длабоко почитување.“ Вака рекол претставникот на еден хотел за браќата и сестрите на еден обласен конгрес минатата година. На еден друг конгрес една жена што работи во хотел рекла: „Очигледно е дека вашите луѓе се облекуваат за Бог“. Да, другите луѓе ги забележуваат конгресните делегати. Затоа сакаме да се облекуваме „на начин достоен за добрата вест“, што честопати ги поттикнува оние што не се Сведоци да нѐ пофалат и што е очигледен доказ дека сме министри на Бог (Фил. 1:27). Додека се подготвуваме за обласниот конгрес, на место е однапред да размислиме за нашиот изглед.
2. Зошто е предизвик да се облекуваме и да се дотеруваме на чесен начин?
2 „Мудроста одозгора пред сѐ е чесна“, напишал ученикот Јаков (Јак. 3:17). Да покажуваме чесност во нашиот изглед може да биде предизвик. Неморалниот свет на Сатана влијае врз луѓето да прифатат нескромни, телесни и чудни стилови што не се пристојни (1. Јов. 2:15—17). Затоа, кога донесуваме одлуки во врска со облеката и дотерувањето, треба да го следиме советот од Библијата да се „одречеме од безбожноста и од световните желби и да живееме со здрави мисли . . . среде овој сегашен систем на работи“ (Тит 2:12). Не сакаме никогаш да ги вознемириме другите со нашиот изглед, сеедно дали тоа се наши браќа, персонал во хотелите или рестораните, или други набљудувачи (1. Кор. 10:32, 33).
3. Кои прашања ќе ни помогнат да се преиспитаме во врска со нашиот личен изглед?
3 Скромна, уредна облека: Кога се подготвуваш за конгресот, запрашај се: ‚ Дали мојата облека е скромна, или дали привлекува непотребно внимание на мене? Дали покажува почитување за чувствата на другите? Дали моите блузи се со многу длабоко деколте или, пак, се премногу кратки? Дали моите фустани откриваат премногу од телото или, пак, се тесни? Дали мојата облека е чиста и без непријатен мирис? Кога се одморам по програмата, дали ќе имам уреден, чист изглед на министер, или мојата облека ќе биде неуредна, помодна, претерано лежерна и несоодветна за еден конгресен делегат што носи значка? Дали поради облеката што ја носам во слободното време ќе ми биде срам да сведочам неформално?‘ (Рим. 15:2, 3; 1. Тим. 2:9).
4. Како можат другите да ни помогнат да имаме чесен изглед?
4 Можеме да извлечеме корист од предлозите на зрелите христијани. Сопругите треба да ги прашаат своите сопрузи како би им изгледала нивната облека на другите. Побожните родители можат да им помогнат на своите деца тинејџери во овој поглед. Освен тоа, почитуваните постари сестри можат „да ги вразумуваат младите жени . . . да бидат со здрави мисли, чесни“ во својот изглед „за да не се зборува навредливо за Божјата реч“ (Тит 2:3—5). Во нашите публикации има корисни илустрации на кои е прикажана скромна, уредна облека.
5. Како можеме сите ние да му донесеме фалба на Јехова за време на конгресот?
5 Донеси му фалба на Јехова: Обласните конгреси, не само на оние што имаат учество во програмата туку и на сите нас, ни даваат одлична прилика да го фалиме Јехова. Се разбира, нашето христијанско однесување и нашиот говор ќе му донесат слава. Но, првото нешто што многу набљудувачи го забележуваат за нас се нашето облекување и дотерување. Сите да му донесеме фалба на Јехова со нашиот чесен личен изглед што заслужува пофалба (Псал. 148:12, 13).
[Рамка на страница 6]
Што ни помага да имаме изглед што е за пофалба
◼ Божјата реч
◼ Самоиспитување
◼ Предлозите на другите
◼ Христијанските публикации