ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 9/04 стр. 4
  • Користи ја добро Библијата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Користи ја добро Библијата
  • Нашата служба за Царството 2004
  • Сличен материјал
  • Дали темелно ја извршуваш својата служба?
    Нашата служба за Царството 2001
  • Како да се подготви презентација за списанијата
    Нашата служба за Царството 2006
  • Дел 3: Водење напредни библиски студии
    Нашата служба за Царството 2004
  • Делотворно да се воведат стиховите
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
Повеќе
Нашата служба за Царството 2004
km 9/04 стр. 4

Користи ја добро Библијата

1. Што можеш да направиш кога се подготвуваш за служба на теренот?

1 Без разлика каква литература планираш да нудиш додека си во служба, добро е да си избереш еден интересен стих што можеш да им го прочиташ на оние што ќе слушаат (Евр. 4:12). Ако избереш стих што е цитиран во публикацијата што ја нудиш, ќе можеш делотворно да преминеш на публикацијата. На некои места, објавителите увиделе дека е добро да ја држат Библијата в рака кога му пристапуваат на некого или кога работат од куќа до куќа.

2. а) Како можеме да ја почнеме презентацијата со стих? б) За кои библиски теми се заинтересирани луѓето на подрачјето?

2 Започни така што ќе прочиташ стих: Некои објавители ја започнуваат својата презентација така што ќе му постават на станарот едноставно прашање за тоа што мисли тој за извесен библиски стих и веднаш потоа му го читаат. На овој начин брзо се свртува внимание на Божјата реч. Дали некои од следниве уводи ќе бидат делотворни и на твоето подрачје?

◼ „Кога би ја имале потребната моќ, дали би ги направиле овие промени?“ Прочитај Откровение 21:4.

◼ „Зошто живееме во вакви критични времиња?“ Прочитај 2. Тимотеј 3:1—5.

◼ „Што мислите, нема ли на сите во нашево место да ни биде подобро ако го слушаме овој совет?“ Прочитај Матеј 7:12.

◼ „Што мислите, дали вашите деца ќе можат некогаш да живеат во условите што се опишани овде?“ Прочитај Псалм 37:10, 11.

◼ „Што мислите, дали ќе дојде ден кога ќе се остварат овие зборови?“ Прочитај Исаија 33:24.

◼ „Дали ви е познато за каква промена на влада станува збор овде?“ Прочитај Даниел 2:44.

◼ „Дали некогаш сте посакале да му го поставите на Бог ова прашање?“ Прочитај Јов 21:7.

◼ „Дали е можно повторно да ги видиме нашите блиски што умреле?“ Прочитај Јован 5:28, 29.

◼ „Дали мртвите знаат што прават живите?“ Прочитај Проповедник 9:5.

3. Како можеме да им помогнеме на луѓето да ги разберат библиските стихови што ги читаме?

3 Објасни, наведи илустрација, покажи ја примената: Кога некој е спремен да разговара, немој да брзаш во дискусијата. Искористи го времето да го објасниш, да наведеш илустрација и да ја покажеш примената на стихот што го читаш за да може тоа лице да го разбере (Неем. 8:8). Кога луѓето го разбираат и го прифаќаат она што го поучува Божјата реч, тоа може да води до извонредни промени во нивниот живот (1. Сол. 2:13).

4. Како можеме добро да ја користиме Библијата на повторни посети?

4 Продолжи и понатаму добро да ја користиш Библијата додека го одржуваш интересот. Можеш да ја користиш истата оваа метода и кога правиш повторни посети: 1) Избери соодветен стих. 2) Постави едноставно прашање за тоа што мисли лицето за стихот. Потоа прочитај му го. 3) Објасни го, наведи илустрација, и покажи ја примената. Секојпат кога ќе го посетиш тоа лице, труди се со уште нешто да го збогатиш неговото спознание за Божјата реч. Можеби наскоро ќе водиш и библиска студија!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели