Видеопрограма на DVD
DVD-то со наслов Лекување без трансфузија — документарна програма содржи три емисии. Првата, Методи на лекување без трансфузија — едноставни, безбедни, ефикасни, е наменета за лекари и студенти по медицина и затоа содржи повеќе медицински сцени отколку другите две емисии. Втората, Методи на лекување без трансфузија — да се задоволат потребите и правата на пациентите, е наменета главно за новинари што пишуваат на теми од областа на медицината, здравствени работници, социјални работници и судии. Во неа се дискутира како да се задоволат медицинските потреби на пациентите, а во исто време да бидат почитувани и нивните законски права. Третата, Без крв — медицината се справува со предизвикот, е наменета првенствено за пошироката публика. Програмата на ова DVD е на англиски јазик, а има превод и на германски, италијански, јапонски, португалски (што се зборува во Бразил), руски, француски и шпански. Вие можете слободно да им ги покажете овие емисии на своите лекари, на оние со кои ја проучувате Библијата, на брачните партнери кои не се Сведоци, на роднините, наставниците, колегите и на соучениците.