Зголеми го интересот кај редовните читатели
1. Како можеме да го зголемиме интересот кај редовните читатели?
1 Многу луѓе што ги сретнуваме во службата ни изразуваат добредојде и со задоволство ја примаат нашата литература, но се колебаат да прифатат редовно да ја проучуваат Библијата. Еден начин да го зголемиме нивниот интерес е редовно да им носиме списанија. Кога оставаш списанија, запиши го името и адресата на лицето, датумот на посетата, кои списанија ги примил и за кои стихови сте дискутирале, како и сѐ што сметаш дека би го интересирало. Кога ќе излезе секое ново издание од списанијата, разгледај кои мисли би биле привлечни за оние на коишто редовно им ги носиме и кажи им ги кога ќе ги посетиш (1. Кор. 9:19-23). Со текот на времето, можеби поради нешто што ќе го прочитаат од списанијата ќе се заинтересираат и ќе сакаат да научат повеќе.
2. Зошто е итно луѓето сега да го бараат Јехова и што уште можеме да направиме за да им помогнеме?
2 Сепак, признаваме дека повеќето луѓе нема да станат слуги на Јехова едноставно со тоа што самите ќе си ги читаат списанијата. Бидејќи е итно луѓето сега да го бараат Јехова, што уште можеме да направиме за да им помогнеме? (Соф. 2:2, 3; Откр. 14:6, 7). Можеме да го зголемиме нивниот интерес со тоа што секогаш кога ќе им донесеме списанија, ќе им прочитаме внимателно избрани стихови.
3. а) Како можеме да се подготвиме за да разгледаме по еден стих? б) Кои теми најмногу ги интересираат луѓето на твоето подрачје?
3 Разгледувај по еден стих: Размислувај за луѓето на кои што редовно им носиш списанија и подготви се да разгледаш по еден стих, што ќе одговара на конкретните потреби на секој од нив (Фил. 2:4). На пример, ако некому неодамна му умрел некој близок, на следните неколку повторни посети можеш да дискутираш што вели Библијата за состојбата на мртвите и за надежта во воскресение. Материјалот во книгата Расправљање или брошурката Библиски теми за дискусија под главниот наслов „Смрт“ и „Воскресение“ можеш да го употребиш за да се подготвиш да разгледаш по еден стих. Природно можат да следат дополнителни дискусии за поврзани теми, како на пример: како ќе бидат потполно отстранети болеста, староста и смртта. Клучот е да се најдат теми што го интересираат лицето и постепено да му покажеме што вели Библијата за тоа.
4. Зошто е важно да објаснуваме кога го користиме Писмото и како можеме да го направиме тоа?
4 Објасни: Иако таквите дискусии обично е најдобро да бидат едноставни и кратки, потребно е повеќе отколку само да се прочитаат избраните стихови. Сатана ги заслепил умовите на луѓето за добрата вест (2. Кор. 4:3, 4). Дури и на оние што се запознаени со Библијата им треба помош да ја разберат (Дела 8:30, 31). Затоа, одвој време за да го објасниш стихот и да го покажеш неговото практично значење, исто како што би направил во еден говор во Теократската школа за служба (Дела 17:3). Увери се дека лицето ја сфаќа практичната вредност од Божјата реч во неговиот живот.
5. Како може тие што редовно ги посетуваме со списанијата да почнат да ја проучуваат Библијата?
5 Доколку лицето ужива во тоа што го учи, постепено прошири ја дискусијата со тоа што ќе вклучиш два или три библиски стиха при секоја посета. Барај прилика да почнеш да ја користиш брошурата Бара или книгата Спознание. На овој начин, со текот на времето некој што редовно го посетуваме со списанијата, може да почне редовно да ја проучува Библијата.