ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 7/05 стр. 4
  • Да се достигнат што повеќе луѓе

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да се достигнат што повеќе луѓе
  • Нашата служба за Царството 2005
  • Сличен материјал
  • Објавителите на Царството активни по целата Земја
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • ‚Сѐ правете поради добрата вест‘
    Нашата служба за Царството 2009
  • Јехова го подготвува патот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Методи на проповедање на добрата вест
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
Повеќе
Нашата служба за Царството 2005
km 7/05 стр. 4

Да се достигнат што повеќе луѓе

1. Што правеле првите христијани за да достигнат што повеќе луѓе со добрата вест?

1 Првите ученици на Исус искрено сакале да ја шират добрата вест. Тие презеле практични чекори за да достигнат што повеќе луѓе со добрата вест. Христијанските писатели на Библијата ги пишувале инспирираните списи на говорниот грчки јазик, кој бил меѓународен јазик во Римската Империја. Освен тоа, ревните проповедници од вториот и третиот век од н.е. можеби биле меѓу првите кои го користеле кодексот, со чија помош полесно можеле да ги наоѓаат стиховите.

2, 3. а) Како се исполнува денес Исаија 60:16? б) Како се користи технологијата за да се унапредува чистото обожавање?

2 Користење на технологијата: Преку пророкот Исаија, Јехова прорекол: „Ти ќе се ситиш со млекото на народите“ (Иса. 60:16). Денес ова пророштво се исполнува така што, Јеховините слуги ги користат богатствата на народите за да ги унапредуваат интересите на проповедничкото дело. На пример, во 1914, со години пред истата технологија да постигне комерцијален успех, Истражувачите на Библијата започнале да ја прикажуваат „Фото-драмата за создавањето“. Оваа осумчасовна кинематографска продукција, со фотографски слајдови, комплетирана со боја и звук, дала силно сведоштво за милиони луѓе.

3 Денес, Божјиот народ користи многу брзи машини за печатење и компјутерски помагала, за да се издаваат Библии и библиска литература на стотици јазици. Брзите превозни средства ја носат библиската литература до далечни делови на Земјата, со што се достигнуваат луѓе во 235 земји. Преку својот дух Јехова ги поттикнал своите слуги практично да ја користат таквата технологија, со што библиската вистина им е достапна на повеќе луѓе од кога и да било порано во историјата.

4. Какви преиначувања направиле некои за да достигнат повеќе луѓе со добрата вест?

4 Лични преиначувања: Вистинските обожаватели исто така се поттикнати да прават лични преиначувања за да достигнат повеќе луѓе со добрата вест. Мнозина си го поедноставиле животот за да можат повеќе да учествуваат во проповедничкото дело. Некои се преселиле за да служат таму каде што има поголема потреба од објавители на Царството. Други ја прошириле својата служба со тоа што научиле странски јазик.

5, 6. Што можеш да направиш за да достигнеш што повеќе луѓе на твоето подрачје?

5 Покрај тоа можеме да достигнеме повеќе луѓе со добрата вест, ако проповедаме тогаш кога се дома и таму каде што ги има. Ако луѓето на твоето подрачје честопати не се дома преку ден, можеш ли да го промениш својот распоред за да сведочиш во раните вечерни часови? Дали има јавни места каде може да се сведочи? Дали си се обидел да сведочиш по телефон или на деловни подрачја? Дали бараш прилики да сведочиш неформално?

6 Навистина имаме голема привилегија да учествуваме во огромното сведоштво што се дава за Јеховиното име и за Царството! Да продолжиме и понатаму да им ја објавуваме животодавната вистина од Божјата Реч на што повеќе луѓе (Мат. 28:19, 20).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели