Дали користиш покани?
Еден ден, едно 11-годишно момче нашло покана за јавно предавање во врска со пеколот. Подоцна тој објаснил: „Ова многу ме заинтересира, затоа што изгледаше дека секогаш правам нешто погрешно, па многу се плашев дека, кога ќе умрам, ќе горам во пеколот“. Присуствувал на предавањето и околу една година подоцна, откако извесно време ја проучувал Библијата, тој се крстил. Така започнала христијанската кариера на Карл Клајн, кој подоцна служел многу години како член на Водечкото тело на Јеховините сведоци. А сѐ започнало со една покана.
Поканите и понатаму сѐ делотворна алатка за сведочење. Многу објавители се сложуваат со тоа дека поканата е практично средство за да се претстават и да започнат разговор. Родителите можат да ги вклучат своите деца во службата така што ќе им дозволат да му понудат покана на станарот. Објавителите кои сведочат преку писма можат да испратат и покана, со која ќе дадат информации за состаноците. И, се разбира, поканите се практично средство за да ги поканиме оние со кои ја проучуваме Библијата и другите заинтересирани лица да дојдат на нашите состаноци.
На предната страна од поканата има краток опис на секој собраниски состанок. Бидејќи адресата на Салата на Царството и времето на одржување на состаноците не се запишани на поканата, тие информации ќе треба да ги кажете кога ќе ја давате поканата. На неа има место каде што ќе може да се отпечатат тие информации.
Дали добро ги користиш поканите во твојата служба?