Светска кампања за најава на обласниот конгрес „Избавувањето е многу близу!“
Објавителите во секое собрание треба да разделат специјална покана
1 На пролет во 2006 година ќе започне светска кампања во која со специјална покана ќе се најавуваат обласните конгреси што ќе се одржат во преку 155 земји низ целиот свет. Кампањата ќе започне на северната полутопка и ќе трае без престан сѐ додека не завршат конгресите во сите земји. Со неа ќе се најавуваат и специјалните конгреси што ќе се одржат во текот на јули и првата седмица од август 2006 година во Германија, во Република Чешка и во Полска.
2 Бидејќи живееме во завршниот дел на последните денови, овие конгреси — на кои ќе биде нагласено избавувањето од овој злобен поредок, кое ни го ветил Бог — треба силно да влијаат врз луѓето што имаат исправен став на срцето. Пораката би требало да ги поттикне да размислат за она што ќе се случи во иднина. За да им се даде можност на милиони луѓе да ја слушнат пораката на утеха и надеж, објавителите од над 98.000 собранија на Јеховините сведоци низ целиот свет се поттикнати со воодушевеност да учествуваат во најавувањето на конгресот на кој ќе присуствуваат.
3 Собранијата ќе добијат доволен број покани за да може секој објавител да земе најмногу 50. Поканите што можеби ќе останат во собранието можат да ги разделат пионерите. Кампањата треба да започне три седмици пред првиот ден од конгресот. Така би требало да има доволно време за да се обработи поголемиот дел, а ако е можно, и целото подрачје на собранието.
4 Најдобро би било, доколку е можно, поканата да му се врачи лично на секој станар. Меѓутоа, ако некои не се дома, поканата може да се остави неупадливо на вратата. Треба да се потрудиме да ги дадеме сите покани во текот на тие три седмици.
5 Уверени сме дека ќе се даде огромно сведоштво како резултат на заедничките напори што ќе бидат вложени низ целиот свет за да се најави Обласниот конгрес „Избавувањето е многу близу!“ Се молиме Јехова богато да го благослови вашиот труд додека учествувате во оваа светска кампања.