Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 сеп.
„Луѓето низ целиот свет слушнале за Исус Христос. За некои тој бил само еден извонреден човек. Други го обожаваат како Семоќен Бог. Што мислите, кој бил Исус Христос? [Почекај да одговори.] Ова списание точно објаснува кој бил тој, од каде дошол и каде е сега.“ Прочитај Јован 17:3.
Стражарска кула 1 окт.
Прочитај го прашањето од насловната страница. Потоа прашај: „Дали знаете за кој знак се зборува тука? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Матеј 24:3.] Ова издание на Стражарска кула разгледува пет клучни делови од знакот и објаснува зошто мораме да го препознаеме“. Покажи ја рамката на страница 6.
Разбудете се! 8 окт.
„Многу луѓе постојано живеат во страв. Што мислите, кој е одговорен за оваа атмосфера на страв? [Почекај да одговори.] Ова списание нуди практични предлози за тоа како да се заштитиме од секојдневните опасности. Исто така кажува за библиското ветување за еден свет без страв.“ Прочитај Исаија 11:9.