Посебен ден за нудење библиски студии
1 Почнувајќи од јануари, секој месец собранијата ќе одредат еден викенд, можеби првиот, во кој објавителите особено ќе се трудат да започнуваат библиски студии. Ова може да го прават или во сабота или во недела, зависно од тоа што е најдобро за објавителите. Ако тој ден станарите одбијат да ја проучуваат Библијата, објавителите сепак можат да им ја понудат книгата Што учи Библијата или да им ги дадат најновите списанија. Сите старешини и слуги-помошници треба да се трудат колку што е можно повеќе да учествуваат во оваа активност и да им помагаат на објавителите да започнуваат библиски студии со луѓето.
2 Одборот на секое собрание ќе реши во кој викенд ќе се одвои еден ден за започнување библиски студии. Одвреме-навреме, треба да се даваат потсетувања за да можат објавителите да се подготвуваат и да се трудат да започнуваат библиски студии во службата од куќа до куќа и кога ги посетуваат оние што покажале интерес.
3 Како да се подготвиме: Предлози за започнување библиски студии има во Нашата служба за Царството од јануари 2006 год.,и на 3. страница од брошурката „Како да се започнат и продолжат библиски дискусии“. Некои можеби ќе одлучат да користат трактат, како што е Сакаш ли да ја дознаеш вистината? Исто така, во Нашата служба за Царството од август 2007, на 3. страница, има предлози за тоа како да започнеме библиски студии кога ги посетуваме оние што зеле списанија. Старешините и слугите-помошници ќе водат кратки состаноци за проповедање што ќе траат од 10 до 15 минути, на кои треба да се разгледаат еден или два практични предлога за започнување библиски студии или, пак, да се прикажат презентации со помош на тие предлози.
4 Се разбира, нема сите да прифатат да ја проучуваат Библијата или долго да продолжат со проучувањето. Но, тоа не треба да нѐ спречи да нудиме библиски студии, бидејќи Јехова е тој што ги привлекува понизните лица кон својата организација (Јован 6:44). Нашата одговорност не е само да го сееме семето на вистината, туку и да го залеваме и да се грижиме за она што пуштило корен. Тоа значи дека треба и да ја проучуваме Библијата со искрените лица. На тој начин, служиме како Божји соработници (1. Кор. 3:9).