Важно е да започнуваме студии првата сабота во месецот
Почнувајќи од мај 2011 год., објавителите беа поттикнати да започнуваат библиски студии првата сабота во месецот. За таа цел, во Стражарска кула (издание за јавност) почна да излегува редовната рубрика „Одговор на библиски прашања“. Затоа, на состанокот за проповедање секоја прва сабота од месецот треба да биде обработено како да ја користиме оваа рубрика за да започнуваме библиски студии, а треба да има и приказ.
Старешините може да одлучат дали секоја група ќе си има свој состанок првата сабота од месецот или дали ќе ги комбинираат групите и ќе го имаат состанокот за проповедање на едно место, можеби во Салата на Царството. Меѓутоа, ако Салата на Царството ја користат повеќе собранија, ниедно собрание не треба да го поместува овој посебен ден за започнување библиски студии во друг ден само за да бидат сите групи заедно на состанок за проповедање.