Прашања
◼ Дали е исправно собранија или поединци да ги користат амблемите на законските здруженија што ги користат Јеховините сведоци?
Амблемот е име, симбол или заштитен знак што е наменет за лесно и точно препознавање. Амблемот Стражарска кула го претставува здружението Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania и други здруженија што ги користи организацијата. Некои здруженија на Јеховините сведоци на заглавието на писмата имаат отворена Библија, а други имаат поинакви амблеми.
Собранијата или поединците не треба на Салите на Царството, на таблите со називите, на заглавијата од писмата, на личните предмети итн., да ставаат амблеми или имиња на законските здруженија на организацијата, или некои варијанти на амблемите. Во спротивно, на властите, на објавителите или на други лица можеби нема да им биде јасно која е законската врска меѓу собранијата и законските здруженија на организацијата. Слично на тоа, некој може погрешно да разбере дека некое писмо е одобрено или испратено од главното седиште или од подружницата на Јеховините сведоци.
Во иднина, кога ќе се градат Сали на Царството, на нив не треба да стои амблемот Стражарска кула, или некоја негова варијанта. На ова треба да се внимава дури и кога Салата на Царството е во сопственост на некое здружение на Watch Tower. Собранијата што имаат Сали на Царството со таков амблем не мора веднаш да го сменат, бидејќи за тоа можеби ќе бидат потребни големи промени и многу време, труд и пари. Но, таквата промена би требало да се земе предвид ако не е многу голема и ако не би било потребно многу работа. Сепак, промената би можела да се направи и кога ќе се реновира објектот или знакот.