Прашања
◼ Што да правиш ако некој ти нареди да престанеш да проповедаш?
Имало случаи кога полицајци им пришле на објавителите додека учествувале во некој вид служба, ги известиле дека го прекршиле законот и им наредиле да престанат со проповедањето. Ако се најдеш во таква ситуација, веднаш мирно замини си (Мат. 5:41; Фил. 4:5). Не обидувај се да ги решиш работите на свој начин зборувајќи за нашите законски права. Ако е можно, љубезно прашај го полицаецот за неговото име и за бројот на неговата легитимација. Потоа, веднаш извести ги старешините, а тие ќе контактираат со Бетелот во врска со тој настан. Слично на тоа, ако чуварот, или друго лице што е одговорно за некоја зграда или некој станбен комплекс ти каже да го напуштиш објектот, веднаш послушај го и извести ги старешините. Ако се однесуваме благо и понизно со оние што се на авторитетна положба, ќе спречиме многу непотребни проблеми (Изр. 15:1; Рим. 12:18).