Ве молиме, посетете ги без одложување
Кого да посетиме? Оние што бараат литература или редов на испорака на списанија или оние што би сакале некој Сведок да ги посети во нивниот дом. Од каде доаѓаат овие барања? Од поединци кои стапуваат во контакт со канцеларијата на подружницата преку пошта или по телефон или преку нашата официјална Интернет Веб-страница. Кога е покажан таков интерес, канцеларијата на подружницата го известува локалното собрание преку едно писмо со наслов „Ве молиме, посетете го ова лице“. Кога старешините ќе го добијат ова писмо треба веднаш да му го дадат на некој објавител кој грижливо ќе го следи интересот. Ако објавителот не може да го најде лицето дома, може да се обиде да стапи во контакт со него преку телефон или дискретно да остави писменце. Ако си замолен да одиш на таква посета, те молиме вложи ги сите напори за да стапиш во контакт со тоа заинтересирано лице без одложување.