Ние сме Сведоци во секое време
1. Што учиме од тоа што Исус ѝ сведочел на жената крај бунарот?
1 Исус пешачел со часови. Бил изморен и жеден. Додека неговите ученици отишле да купат храна, тој седнал да се одмори крај еден бунар надвор од еден самариски град. Исус не бил во Самарија да проповеда. Само минувал оттаму на пат кон Галилеја за да продолжи со службата. Сепак, ја искористил можноста да ѝ сведочи на една жена која црпела вода од бунарот (Јован 4:5-14). Зошто? Исус во секое време бил ‚верен и вистинит сведок‘ на Јехова (Отк. 3:14). Ние го следиме неговиот пример со тоа што сме Јеховини сведоци во секое време (1. Пет. 2:21).
2. Како можеме да се подготвиме за неформално сведочење?
2 Биди подготвен: Можеме да бидеме подготвени да сведочиме неформално така што ќе си носиме публикации со нас. Многу објавители имаат при рака трактати и им ги даваат на продавачи, на вработените на бензиски пумпи и на други со кои ќе се сретнат во текот на денот (Проп. 11:6). Една сестра, која често патува, во својата чанта секогаш носи Библија и примерок од книгата Што учи Библијата, и се обидува да започне разговор со оние што седат до неа.
3. Како можеме да започнеме разговор?
3 Започни разговор: Кога сведочиме неформално, не мора веднаш да почнеме да зборуваме за некоја библиска тема. Исус не го започнал разговорот со жената кај бунарот со тоа што рекол дека е Месијата. Едноставно ја замолил да му даде вода, со што ја поттикнал нејзината љубопитност (Јован 4:7-9). Една сестра увидела дека и таа може на сличен начин да започне разговор кога некој ќе ја праша како си поминала на некој празник. Таа не кажува веднаш дека не го славела празникот затоа што е Јеховин сведок, туку вели: „Одлучив да не го славам празникот“. Обично луѓето од љубопитност ја прашуваат зошто, а тоа ѝ дава можност да сведочи.
4. На што те поттикнуваат стиховите од Матеј 28:18-20?
4 Иако Исус ја завршил својата служба на Земјата, тој и понатаму е многу заинтересиран за проповедничкото дело што го извршуваме исто како него (Мат. 28:18-20). Затоа, следејќи го нашиот Пример, Исус, ние сме Сведоци кои во секое време се спремни да зборуваат за својата вера (Евр. 10:23).