Како да се користи формуларот Те молиме, посети го ова лице
Овој формулар S-43 треба да го пополниш кога ќе сретнеш заинтересирано лице кое не живее на твоето подрачје или кое зборува на друг јазик. Иако досега го користевме кога ќе сретневме луѓе кои зборуваат друг јазик без разлика дали покажале интерес или не, отсега ќе го користиме само кога лицето ќе покаже интерес. Единствен исклучок е ако лицето е глуво. Ако сретнеме глуво лице, треба да го пополниме формуларот, дури и ако тоа не покажало интерес.
Што треба да направиме откако ќе го пополниме овој формулар? Треба да му го дадеме на секретарот во нашето собрание. Ако тој знае на кое собрание треба да му го испрати, може едноставно да им го предаде на старешините од тоа собрание за тие да можат да му помогнат на лицето што покажало интерес. А доколку секретарот не го знае собранието, треба да го испрати формуларот S-43 во подружницата.
Ако заинтересираното лице зборува на друг јазик и живее на твоето подрачје, можеш да продолжиш да го посетуваш за да го поттикнуваш неговиот интерес додека не го посети друг објавител од собрание на неговиот јазик. (Види во Нашата служба за Царството, ноември 2009, страница 4.)