Дванаесет причини зошто проповедаме
Зошто проповедаме и ги поучуваме луѓето за добрата вест? Дали првенствено за да им помогнеме на искрените лица да тргнат по патот што води во живот? (Мат. 7:14). Тоа е првата причина наведена подолу, но не и главната. Според тебе, која од следните 12 причини е најважна?
1. Помага да се спасат животи (Јован 17:3).
2. Тоа е предупредување за злобните (Езек. 3:18, 19).
3. Тоа е исполнување на библиско пророштво (Мат. 24:14).
4. Тоа е доказ за Божјата праведност. Никој не може да го обвини Јехова дека ги уништил злобните без да им даде можност да се покаат (Дела 17:30, 31; 1. Тим. 2:3, 4).
5. Така ја исполнуваме нашата должност духовно да им помагаме на луѓето откупени со крвта на Исус (Рим. 1:14, 15).
6. На тој начин немаме вина за крв (Дела 20:26, 27).
7. Мораме да го правиме тоа ако сакаме да се спасиме (Езек. 3:19; Рим. 10:9, 10).
8. Така покажуваме љубов кон ближниот (Мат. 22:39).
9. Така покажуваме послушност кон Јехова и кон неговиот Син (Мат. 28:19, 20).
10. Тоа е дел од нашето обожавање (Евр. 13:15).
11. Така покажуваме љубов кон Бог (1. Јов. 5:3).
12. Така се посветува Јеховиното име (Иса. 43:10-12; Мат. 6:9).
Се разбира, ова не се единствените причини зошто проповедаме. На пример, кога проповедаме, се зајакнува нашата вера и имаме чест да соработуваме со Бог (1. Кор. 3:9). Меѓутоа, најважната причина зошто проповедаме е наведена под број 12. Сеедно дали луѓето ќе слушаат или не, кога проповедаме, се посветува Божјето име и му даваме можност на Јехова да му одговори на оној што му се подбива (Изр. 27:11). Имаме многу добри причини ‚без престан да поучуваме и да ја објавуваме добрата вест‘ (Дела 5:42).