ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb20 Ноември стр. 7
  • Стани повешт во службата — сведочење по телефон

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Стани повешт во службата — сведочење по телефон
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2020)
  • Сличен материјал
  • Успешно сведочење по телефон
    Нашата служба за Царството 2001
  • Сведочењето преку телефон може да биде ефикасно
    Нашата служба за Царството 2009
  • Сведочење по телефон — начин да се достигнат мнозина
    Нашата служба за Царството 1993
  • Стани повешт во службата — Постави темел за повторна посета
    Нашата служба за Царството 2014
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2020)
mwb20 Ноември стр. 7
Слики: Еден млад брат сведочи по телефон заедно со еден постар брачен пар. 1. Братот му сведочи по телефон на еден бизнисмен. 2. Бизнисменот го слуша она што му го кажува братот.

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Стани повешт во службата — сведочење по телефон

ЗОШТО Е ВАЖНО: Сведочењето по телефон е важен начин на кој можеме темелно да сведочиме за добрата вест (Де 20:24).a Ова ни овозможува да проповедаме кога околностите не ни дозволуваат да имаме личен контакт со луѓето.

КАКО ДА ГО ПРАВИМЕ ТОА:

  • Истиот млад брат се подготвува за сведочење по телефон така што бара стихови и си прави кратки белешки.

    Подготви се. Избери соодветна тема за разговор. Во кратки црти запиши што сакаш да кажеш. Исто така, би можел да се подготвиш накратко да објасниш зошто се јавуваш во случај да треба да оставиш говорна порака. Ќе ти биде од помош ако седиш на маса и ако пред себе го имаш она што си го запишал и некои други работи кои ќе ти бидат потребни, како на пример, електронски уред на кој ја имаш отворено jw.org® или апликацијата JW Library®.

  • Помладиот брат му помага на постариот брат кој зборува со некого по телефон.

    Биди опуштен. Зборувај природно. Насмевнувај се и прави гестови исто како лицето да те гледа. Избегнувај да правиш непотребни паузи. Освен тоа, ќе ти биде од корист ако соработуваш со други додека сведочиш. Ако станарот ти постави прашање, повтори го на глас за да може твојот соработник да ти помогне да најдеш соодветен одговор.

  • Помладиот брат испраќа линк од видеоклип од jw.org.

    Постави темел за повторна посета. Ако лицето покаже интерес, би можел да оставиш прашање за кое ќе зборувате следниот пат. Исто така, би можел да го прашаш дали сака електронски да му испратиш некоја публикација, лично да му ја доставиш или да му ја испратиш на некој друг начин. Освен тоа, би можел да му понудиш да му испратиш некој видеоклип или статија. Ако е соодветно, објасни му на кој начин може бесплатно да ја проучува Библијата или посочи му нешто од нашата интернет-страница.

a Ако сведочењето по телефон е дозволено во твоето место, тогаш треба да се земат предвид законите за заштита на лични податоци.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели