ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Посебна акција за започнување на библиски курсеви во септември
Во текот на септември, ќе вложиме посебен труд за да нудиме библиски курсеви во секој дом со помош на брошурата Радувај му се на животот засекогаш. Објавителите ќе можат да служат како помошни пионери со 30 часови. Како ќе се одвива оваа посебна акција?
Прв разговор: Користи ја последната страница од брошурата за да поттикнеш интерес кај станарот, и обиди се да покажеш како изгледа еден библиски курс. Не треба да ја оставаме брошурата онаму каде што нема никој дома ниту да ја праќаме во писма до оние што претходно не покажале интерес. Одборот на собранието можеби ќе организира дополнителни состаноци за проповедање во текот на месецот.
Други прилики: Немој да ги заборавиш оние што претходно покажале интерес, вклучувајќи ги и повторните посети. Дури ако во минатото не сакале да ја проучуваат Библијата, можеби сега ќе сакаат да проучуваат на новиот начин и со новата брошура. Ако вашето собрание користи колички за сведочење, на нив треба да биде изложена брошурата Радувај му се на животот засекогаш. Кажи им на оние што ќе покажат интерес дека со брошурата следува и бесплатен библиски курс. Додека разговарате, накратко покажи како изгледа еден библиски курс, или договори се да го направиш тоа во некое друго време. Надгледникот за служба може да организира искусни објавители да сведочат на деловно подрачје и да нудат библиски курсеви. Исто така, би можел да им понудиш библиски курс на колегите или на луѓето на кои им сведочиш неформално.
Исус ни заповедал да ги поучуваме луѓето и да им помагаме да станат негови ученици (Мт 28:19, 20). За време на посебната акција во септември, да дадеме сѐ од себе за да ја оствариме оваа цел со помош на брошурата Радувај му се на животот засекогаш!