ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb23 Септември стр. 5
  • Потпирај се на Јехова кога се соочуваш со малтретирање

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Потпирај се на Јехова кога се соочуваш со малтретирање
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
  • Сличен материјал
  • Да му се стави крај на малтретирањето
    Разбудете се! 2003
  • Што да правам ако ме малтретираат?
    Младите прашуваат
  • Што да правам ако ме малтретираат на училиште?
    Младите прашуваат — 10 практични одговори
  • Малтретирање — некои причини и последици
    Разбудете се! 2003
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
mwb23 Септември стр. 5
Една тинејџерка им го покажува телефонот на своите родители и им ги искажува своите чувства. Нејзините родители ја слушаат внимателно.

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Потпирај се на Јехова кога се соочуваш со малтретирање

Кога некој нѐ малтретира, тоа може да ни причини физичка и емоционална болка. Тоа може дури и да ни наштети во духовен поглед ако се исплашиме кога доживуваме противење поради тоа што му служиме на Јехова. Како можеш да се заштитиш ако некој те малтретира?

Многу слуги на Јехова успешно се справиле со малтретирање така што се потпирале на Јехова (Пс 18:17). На пример, Естира храбро ги разоткрила плановите на злобниот Аман (Ес 7:1-6). Пред да го направи тоа, таа покажала дека се потпира на Јехова со тоа што постела (Ес 4:14-16). Јехова го благословил сето она што го направила и ги заштитил неа и својот народ.

Млади, ако некој ве малтретира, молете го Јехова за помош и зборувајте за тоа со некое зрело возрасно лице, на пример со родителите. Бидете сигурни дека Јехова ќе ви помогне исто како што ѝ помогнал на Естира. Што друго може да ви помогне да се справите со малтретирањето?

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ МОИТЕ ТИНЕЈЏЕРСКИ ГОДИНИ — КАКО ДА СЕ СПРАВАМ СО МАЛТРЕТИРАЊЕТО?, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Што може да научат младите од примерот на Чарли и Ферин?

  • Што може да научат родителите од она што го кажаа Чарли и Ферин во врска со тоа како може да им помогнат на децата да се справат со малтретирање?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели