Бидете учители на Божјата Реч — користејќи брошури
1 Секој предаден слуга на Јехова има одговорност да учествува во делото на поучување на другите за Речта Божја. Сериозноста на оваа одговорност станува јасна кога ќе сфатиме дека оној кој ни ја дал заповедта ‚да ги научиме сите народи . . . учејќи ги‘, ја има сета власт на небото и на Земјата (Матеј 28:18-20). Затоа, учеството во проповедањето на добрата вест бара од нас да станеме учители! (2. Тим. 2:2).
2 Во август можеме да ги користиме своите учителски вештини додека нудиме брошури. Можеме да избереме од нив некои интересни библиски мисли и да подготвиме неколку коментари кои ќе ни помогнат да започнеме разговор.
3 Кога ќе ја нудиш брошурата „Се грижи ли Бог навистина за нас?“, можеш да речеш:
◼ „Посетивме многумина од Вашите соседи и утврдивме дека се загрижени поради наглиот пораст на криминалот, тероризмот и насилството. Според Вас, зошто ова стана толкав проблем? [Дозволи одговор.] Од посебен интерес за нас е тоа што Библијата прорекла дека сето ова ќе се случува. [Прочитај 2. Тимотеј 3:1-3.] Забележете, тоа треба да се случи ‚во последните денови‘. Ова подразбира дека нешто стои пред самиот крај. Што мислите, што е тоа?“ Дозволи одговор. Сврти на страница 22, укажи на илустрацијата и дискутирајте за еден до два библиски стиха цитирани на таа страница. Потоа, договори се да дојдеш повторно за да објасниш зошто веруваме дека тие благослови се на дофат.
4 Можеби ќе сакаш да го употребиш следниов пристап кога ќе ја нудиш брошурата „Која е смислата на животот? — Како да се пронајде?“:
◼ „На многу луѓе им е тешко да ја пронајдат вистинската смисла на животот. Иако некои поседуваат некаква ограничена среќа, повеќето живеат живот кој е исполнет со разочарувања и страдања. Дали мислите дека Бог сакал да живееме на ваков начин? [Дозволи одговор.] Библијата покажува дека Бог сака да живееме во еден ваков свет.“ Укажи на илустрацијата на 21. страница, а потоа сврти на 25. и 26. страница, пасуси 4-6, и објасни што ветил тој. Постави го следново прашање за да го разгледате кога ќе дојдеш повторно: „Како можеме да бидеме сигурни дека Бог ќе ги исполни своите ветувања?“
5 Можеш да ја понудиш брошурата „Радувај се на животот засекогаш на Земјата!“, ако ја покажеш целата слика на корицата и ако прашаш:
◼ „Би сакале ли да живеете во свет кој е полн со среќни луѓе како овие? [Дозволи одговор.] Библијата ни кажува дека Бог ги сака луѓето и има желба тие да живеат засекогаш среќно на оваа Земја.“ Сврти на слика број 49 и прочитај еден од цитираните библиски стихови. Потоа, укажи на слика број 50 и објасни што мораме да сториме ако сакаме да живееме во овој Рај. Предложи да дојдеш повторно и да дискутирате за причината зошто е толку важна верата во Исус Христос.
6 Јехова е задоволен кога придонесуваме ‚нашиот напредок да се покаже, постојано внимавајќи на нашето учење‘ (1. Тим. 4:15, 16, НС). Брошурите можат да ни бидат вистинска помош во настојувањето да им помогнеме на оние кои копнеат да чујат „добра вест за нешто подобро“ (Иса. 52:7, НС).