ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/99 стр. 1
  • „Бидете трпеливи“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Бидете трпеливи“
  • Нашата служба за Царството 1999
  • Сличен материјал
  • Стрпливоста — одлика на нашата служба
    Нашата служба за Царството 2011
  • Продолжи да покажуваш стрпливост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • Учи од стрпливоста на Јехова и Исус
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Можеш ли да покажуваш стрпливост?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Нашата служба за Царството 1999
km 1/99 стр. 1

„Бидете трпеливи“

1 Додека гледаме како крајот на Сатановиот стар систем сѐ повеќе се приближува, многу е битно да ‚бидеме трпеливи‘ додека го чекаме Јеховиниот ден на избавување. Особено во овој доцен час, злобните непријателски сили се одлучни да го одвратат нашето внимание од најважното спорно прашање за Јеховиниот суверенитет и да нѐ стават во искушение да бидеме одвлечени од мноштво лични интереси. На тој начин Сатана би нѐ измамил да се откажеме или да забавиме во делото на проповедање на Царството (Јак. 5:7, 8; Мат. 24:13, 14). На кои начини можеме да ја покажеме таквата потребна трпеливост?

2 Со тоа што ќе бидеме издржливи: Кога ќе наидеме на апатија или на противење во нашата служба, издржливоста ќе ни помогне да истраеме во проповедањето. Нема да бидеме лесно заплашени ниту навредени ако луѓето што ќе ги сретнеме се груби или нељубезни (1. Петр. 2:23). Оваа внатрешна сила може да нѐ спречи да зборуваме негативно за луѓето на нашето подрачје кои покажуваат рамнодушност или непријателство кон нашето дело, сфаќајќи дека таквиот говор ќе нѐ обесхрабри нас и оние кои работат со нас во службата.

3 Со стрплива истрајност: Може да претставува испит на нашата стрпливост кога, после некоја добра дискусија во службата на теренот, не можеме повторно да го најдеме дома заинтересираното лице. Истото важи и кога оние со кои проучуваме бавно напредуваат или бавно заземаат став за вистината. Сепак, стрпливата истрајност честопати е наградена со добри резултати (Гал. 6:9). Една сестра направила неколку повторни посети кај една млада жена пред да започне библиска студија. При првите пет посети жената била преокупирана со други работи. При шестиот обид, сестрата накиснала во една бура, но не нашла никого дома. Сепак, одлучна да ѝ даде на жената уште една шанса, сестрата повторно ја посетила и ја нашла жената спремна да проучува. После тоа ученичката напредувала и за кратко време му го предала својот живот на Јехова.

4 Знаеме дека Јеховиниот ден нема да задоцни. Затоа чекаме на неговото извршување на работите, знаејќи дека божествената стрпливост ќе даде добар плод (Авак. 2:3; 2. Петр. 3:9—15). Мораме да бидеме трпеливи како Јехова и да не се предаваме во службата. „Преку вера и трпение“ гледај кон Јехова за да те награди за твојата напорна работа (Евр. 6:10—12).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели