Состаноци за служба за јануари
Седмица што почнува од 4 јануари
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството.
15 мин: „Добро користи ги постарите книги“. Прашања и одговори. Спомни кои постари книги стојат на располагање локално. Истакни некои од нивните интересни карактеристики и објасни како би можеле да им се презентираат на другите. Охрабри ги сите да ги нудат овие книги во службата на теренот и кога сведочат неформално во текот на јануари. Вклучи приказ на една кратка, едноставна презентација.
20 мин: Подготви се сега да го поддржиш Божјиот закон за крвта. Квалификуван старешина дискутира за важноста на потполнувањето на картичката Однапред дадена медицинска директива/ослободување. Инспирираното упатство во Псалм 18:7 покажува дека Дела 15:28, 29 е израз на Божјиот совршен закон за крвта. Лојалните обожаватели се стремат да го поддржуваат тој закон. Овој документ ја дава до знаење твојата одлучност да правиш така и зборува за тебе кога ти самиот не си способен да зборуваш. (Спореди Изреки 22:3.) Новата картичка дава текушта изјава дека одбиваш да примиш крв. После овој состанок, на крстените Сведоци кои сакаат да добијат нова картичка ќе им биде дадена по една, а оние со некрстени малолетни деца ќе добијат Легитимација за секое дете. Овие картички нема да бидат потполнети вечерва. Тие треба внимателно да бидат потполнети дома, но да НЕ се потпишуваат. Потпишувањето, посведочувањето и ставањето датум на сите картички ќе биде сторено после следната Собраниска студија на книга, под надзор на водителот на студијата на книга. Со тоа ќе се осигура дали сите доделени во неговата група кои сакаат да ја заверат оваа медицинска директива ја имаат потребната помош. Оние кои потпишуваат како сведоци, треба навистина да гледаат додека сопственикот го потпишува документот. На секој што ќе биде отсустен во таа прилика, а кој има желба да потполни и да потпише картичка, ќе му биде помогнато од водителите/старешините на следниот Состанок за служба, сѐ додека сите крстени објавители правилно не ги комплетираат своите картички. Некрстените објавители можат да напишат свое сопствено упатство кое ќе го користат за себе и за своите деца со тоа што ќе го прилагодат јазикот од оваа картичка кон своите околности и уверувања.
Песна 190 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 11 јануари
10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.
20 мин: „Нашата решеност — да го следиме Јеховиниот пат на живот“. Говор. Вклучи охрабрување за сите редовно да присуствуваат на петте седмични состаноци на собранието.
15 мин: „Бидете трпеливи“. Дискусија меѓу членовите на едно семејство. Разгледуваат на кои начини можат во нивната служба да покажат трпеливост во поголема мерка. Вклучи соодветни коментари од Стражарска кула од 15 јуни 1995, страница 12.
Песна 135 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 18 јануари
5 мин: Локални известувања.
10 мин: Локални потреби.
15 мин:„Надгледници кои преземаат водство — водители на Собраниската студија на книга“. Говор на еден примерен водител на студија на книга, кој ги разгледува своите должности. Покажува на кој начин таквото дело придонесува за напредокот и духовната благосостојба на собранието. Вклучи клучни коментари од Организирани да ја извршуваме нашата служба, страници 43—45, 74—76.
15 мин: „Започнување студии со брошурата Бара“. Разгледување со прашања и одговори.
Песна 4 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 25 јануари
10 мин: Локални известувања.
15 мин: „Промена во барањето на часови за пионерите“. Говор на еден старешина. Пофали ги пионерите во собранието и охрабри повеќе објавители да започнат со помошна и со општа пионерска служба, имајќи ја на ум дополнителната активност во текот на март, април и мај. Вклучи информации од додатоците на Наша служба за Царството од февруари 1997 и јули 1998.
20 мин: Дали секојдневно го разгледуваш Писмото? Говор и дискусија со присутните. Секоја година Заедницата ја обезбедува брошурата Секојдневно разгледување на Писмото. Дали ти поединечно или како семејство добро ја користиш оваа публикација? Објасни ги корисните причини зошто треба секој ден да го разгледуваме библискиот текст. Дискутирај за некои коментари од уводот на Секојдневно разгледување на Писмото за 1999, страници 3, 4. Повикај ги објавителите да раскажат за посебниот напор што го вложуваат за да го разгледуваат дневниот текст и коментарите верно како поединци и семејства.
Песна 6 и заклучна молитва.