Каков пример им оставаме на другите?
1. Што научиле учениците на Исус од тоа што го гледале како постапува?
1 Исус рекол: „Дојдете кај мене под мојот јарем и учете од мене“ (Мат. 11:29, фус.). Јасно е дека тој ги поучувал другите со својот добар пример, а не само со своите зборови. Можеме да си замислиме што сѐ научиле учениците само од тоа што гледале како постапува Исус. Тој бил нежен, љубезен и обѕирен (Мат. 8:1-3; Мар. 6:30-34). Бил навистина понизен (Јован 13:2-5). Кога оделе со Исус во служба, учениците виделе дека е неуморен работник кој вешто ги поучува луѓето за вистината (Лука 8:1; 21:37, 38). Што можат другите да научат кога нѐ гледаат нас додека сме во служба?
2. Како влијаат врз станарите нашето добро однесување и изглед додека сме во служба?
2 Станарите: Нашата скромна облека, добрите манири и искрениот личен интерес за луѓето можат силно да влијаат врз станарите (2. Кор. 6:3; Фил. 1:27). Тие забележуваат дека често ја користиме Библијата. Други се воодушевени од тоа што ги слушаме со почит кога зборуваат. Никогаш да не заборавиме дека добриот пример што го даваме во овој поглед може да ги привлече луѓето кон пораката за Царството.
3. На кој начин можеме да имаме добро влијание врз нашите соверници?
3 Нашите браќа и сестри: Помисли и на доброто влијание што можеме да го имаме врз нашите браќа и сестри. Ревноста за службата е заразна. Како што железо се остри со железо, така и со нашата добро подготвена презентација можеме да ги поттикнеме другите да се подобруваат како проповедници (Изр. 27:17). Кога марливо правиме точни белешки за оние што покажале интерес и потоа без одложување ги посетуваме, ги мотивираме и другите да го прават истото. Ако потполно ја извршуваме службата, ќе имаме добро влијание врз нашите соверници (2. Тим. 4:5).
4. Зошто треба одвреме-навреме да се преиспитаме каков пример им даваме на другите?
4 Би било убаво одвреме-навреме да се преиспитаме каков пример им даваме на другите со своите постапки и зборови. Со нашиот добар пример ќе го радуваме Јехова и ќе можеме да го кажеме истото што го рекол апостол Павле: „Угледајте се на мене, како што и јас се угледав на Христос“ (1. Кор. 11:1).