ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g04 8/5 стр. 20-21
  • Кога мачките ќе подивеат

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кога мачките ќе подивеат
  • Разбудете се! 2004
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што е дива мачка?
  • Извонредно приспособливи доселеници
  • Милениче или напасник?
  • Мачка со смешни уши
    Разбудете се! 2004
  • Каква улога имаат мустаќите на мачките
    Разбудете се! 2015
  • Ретка средба со пустинската мачка
    Разбудете се! 2013
  • Ќе бидат ли спасени од истребување?
    Разбудете се! 2012
Повеќе
Разбудете се! 2004
g04 8/5 стр. 20-21

Кога мачките ќе подивеат

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО АВСТРАЛИЈА

ПОЛЕКА движејќи се напред, со спуштена глава и поглед прикован за пленот, грабливецот ѝ се прикрадува на жртвата. Ги подвиткува нозете под телото и подзастанува. Мускулите му треперат под светлокафеавото крзно. И тогаш, брзо како стрела, му се фрла на преплашениот плен. Со силен удар на шепата на која има остри канџи, мачката ја зграпчува жртвата и ја приклештува на земја.

Оваа борба на живот и смрт не се одвива во Африка туку во Австралија. Тоа жилаво и пргаво животно не е некој силен лав туку малото животинче од родот мачки познато како дива мачка. Се проценува дека во Австралија има 12 милиони диви мачки што талкаат низ тропските џунгли на северниот ’рт, по студените висорамнини на јужните Австралиски Алпи, како и низ жешките пустини во централните рамнини.

Што е дива мачка?

Дивите мачки од Австралија личат на домашните мачки затоа што потекнуваат од нив. Нивното крзно ги има истите бои — црна, бела, сива, црвеникава — и истите шари, вклучувајќи комбинација од повеќе бои, само една боја или пруги. Но, дивите мачки обично имаат помускулести раменици и врат за разлика од нивните роднини, домашните мачки. Мажјаците тежат од 3 до 6 килограми, а женките од 2 до 5 килограми. Додека домашните мачки главно зависат од луѓето, дивите мачки се сосема независни и не сакаат контакт со луѓе.

Предците на овие диви мачки дошле во Австралија заедно со првите европски доселеници, и во текот на 19 век се рашириле низ целиот континент. Многу мачки побегнале во дивината. Други биле намерно пуштени на слобода во текот на 1880⁠-тите со цел да се запре наездата од зајаци што ги уништувале пасиштата. Мачките наскоро се привикнале на својот нов дом и станале еден од најраспространетите видови што биле однесени во Австралија. Денес дивите мачки живеат во сите делови на Австралија, вклучувајќи и многу блиски островчиња.

Извонредно приспособливи доселеници

Дивите мачки многу брзо се котат. Пред да наполни една година, женката може да окоти седум мачиња. Потоа се омачува дури и по трипати годишно, при што секогаш носи на свет по четири до седум маченца. Освен тоа, останува плодна до крајот на животот, кој изнесува седум или осум години. Ако раѓа само по три женски и три машки маченца секоја година и ако секое женско маче окоти исто толку маченца, за седум години една дива мачка може да има неколку илјади потомци.

Меѓутоа, за да преживеат во суровата австралиска клима потребно е нешто повеќе отколку само да ги има во голем број. Мачките често ловат навечер или рано наутро, кога е постудено. Тие ја избегнуваат жегата во текот на денот со тоа што спијат во шупливи стебла или во зајачки дупки. Освен тоа, дивите мачки ги освоиле дури и најнегостољубивите пустини затоа што не мора да пијат вода за да преживеат — сета течност што им треба можат да ја добијат од месото на пленот што ќе го фатат.

Дивите мачки се приспособливи и во поглед на исхраната. Иако повеќе сакаат зајаци, Службата за национални паркови и животински свет во Нов Јужен Велс наведува: „Мачките убиваат и јадат повеќе од 100 видови птици типични за Австралија, 50 видови цицачи и торбари, 50 видови влекачи и многу видови жаби и без’рбетници“. Освен тоа, тие имаат огромен апетит. Секој ден мажјакот може да изеде количество храна што изнесува 5 до 8 проценти од неговата телесна тежина. Женката, пак, ако има малечки, секој ден може да изеде количество храна што изнесува цели 20 проценти од нејзината телесна тежина. На еден изолиран остров, сѐ на сѐ 375 диви мачки изеле 56.000 зајаци и 58.000 морски птици за само една година.

Повеќето австралиски животни не ѝ се дораснати на дивата мачка. Според еколошкото списание Ecos се смета дека, поради тоа што се големи грабливци, дивите мачки се виновни за „ограничениот успех на програмите за враќање на загрозените цицачи во сушните предели на Австралија“.

Милениче или напасник?

Уште од времето на стариот Египет, мачките биле популарни миленичиња. Во Австралија, 37 проценти од домаќинствата имаат барем една мачка. Многу од овие мачки не се стерилизирани, па несаканите маченца понекогаш се фрлаат во блиските грмушки, каде што растат, се размножуваат и го зголемуваат бројот на дивите мачки.

За да се спречи слаткото милениче да стане напаст за околината, Службата за национални паркови и животински свет во Австралија го препорачува следново: Држете ја мачката во куќата, особено ноќе. Давајте ѝ доволно храна. Ставете ѝ ременче околу вратот, плочка со името или микрочип. Врзете ѝ на мачката три големи ѕвончиња за да не ѝ се приближат дивите животни. Стерилизирајте ја. Подигнете заштитна ограда за да не може мачката да излегува од дворот.

Ќе треба време и пари за да ги примените овие предлози. Но, за љубителите на мачки во Австралија, тоа веројатно ќе се исплати.

[Слика на страница 20]

Една од 12⁠-те милиони диви мачки во Австралија

[Извор на слика]

Joel Winter/NSW National Parks and Wildlife Service, Australia

[Извор на слика на страница 21]

Со дозвола на The Department of Natural Resources and Mines

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели