ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/10 стр. 7
  • Веќе постои во природата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Веќе постои во природата
  • Разбудете се! 2010
  • Сличен материјал
  • Човекот — чудо
    Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?
  • Превртената мрежница
    Разбудете се! 2011
  • Цени ги своите прекрасни дарби
    Разбудете се! 2011
  • Пази што гледаш
    Разбудете се! 2012
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 3/10 стр. 7

Веќе постои во природата

„Увото што слуша и окото што гледа — обете ги направил Јехова“ (Изреки 20:12)

ТВОИТЕ очи се како мали телевизиски камери. Тие ги претвораат сликите во електрични сигнали кои ги пренесуваат преку очниот нерв до задниот дел од твојот мозок, каде што навистина гледаме.

Секое око е минијатурно чудо. Иако има дијаметар од само околу 2,5 сантиметри и тежи 7,5 грама, окото е генијално конструирано. На пример, има два различни система за приспособување кон слаба и кон силна светлина. Тоа објаснува зошто 30 минути откако ќе влезеш во темна соба твоите очи стануваат 10.000 пати поосетливи на светлина.

Што е тоа што при нормална светлина ти овозможува да гледаш јасно? Твоето око има над 100 пати повеќе клетки чувствителни на светлина (пиксели) отколку повеќето видеокамери. Освен тоа, голем дел од овие клетки се концентрирани во фовеата, мала точка на центарот од мрежницата, поради што сликата ја гледаме многу јасно. Бидејќи погледот го насочуваш во различни правци по неколку пати во секунда, добиваш впечаток дека целото твое видно поле е јасно. Ова е вистинско чудо ако се земе предвид дека фовеата има приближно иста големина со точката на крајот од оваа реченица.

Електричните сигнали од клетките чувствителни на светлина се пренесуваат од една на друга нервна клетка кон очниот нерв. Но, нервните клетки не само што ги пренесуваат овие сигнали туку и ги преработуваат — ги пропуштаат важните информации, а ги отфрлаат непотребните детали.

Визуелниот кортекс на твојот мозок е како софистициран видеоприемник. Тој ја изострува сликата така што ги коригира краевите и ги споредува сигналите од клетките чувствителни на основните бои, што ти овозможува да гледаш милиони нијанси. Освен тоа, ги споредува малите разлики меѓу она што го гледаш со левото и она што го гледаш десното око, поради што гледаш тродимензионално.

Размисли за процесот што се одвива додека гледаш мноштво луѓе. Очите испраќаат електронски импулси до твојот мозок, кој потоа ги претвора овие сигнали во јасни слики. Многу ситни детали од лицата што ги гледаш се споредуваат со лицата во твоето сеќавање за да можеш веднаш во толпата да го препознаеш твојот пријател. Просто неверојатно!

[Слика на страница 7]

Начинот на кој окото ги обработува информациите е доказ дека било генијално конструирано

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели