ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 1/11 стр. 14
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2011
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Премалку микроби?
  • Се губи работната етика
  • Конечно бело знаме
  • Јазот помеѓу богатите и сиромашните се шири
    Разбудете се! 2000
  • Пет важни фактори за да најдете работа
    Разбудете се! 2005
  • Од разбеснет вулкан до мирен остров
    Разбудете се! 2000
  • Злокобни навестувања?
    Разбудете се! 2008
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 1/11 стр. 14

Поглед во светот

Во Танзанија, во просек има по еден лекар на 64.000 пациенти (THE CITIZEN, ТАНЗАНИЈА).

Најмалку 1 милијарда сиромашни луѓе се хронично неисхранети, што значи дека нема да се оствари една од Милениумските развојни цели на ОН, имено до 2015 год. значително да се намали бројот на гладни во светот‘ (SCIENCE, САД).

„Најголемите 100 фабрики за оружје во светот“ во 2008 год. оствариле профит од 385 милијарди американски долари, што е пораст од 39 милијарди долари во однос на 2007 год. (СТОКХОЛМСКИ МЕЃУНАРОДЕН ИНСТИТУТ ЗА МИРОВНИ ИСТРАЖУВАЊА, ШВЕДСКА).

Премалку микроби?

„Нашето истражување покажа дека ултрачистата средина во раното детство може да биде причина за почести воспаленија во зрели години, што го зголемува ризикот од најразлични заболувања“, изјави Томас Мекдејд, вонреден професор на Универзитетот Нортвестерн (Илиноис, САД). Едно истражување во кое беа споредени деца од Филипините со деца од Америка покажа дека, општо земено, како мали Филипинците заболуваат од многу повеќе заразни болести. Сепак, спротивно на очекувањата, младите Филипинци имаат многу помало ниво на еден протеин (CRP) чија концентрација во крвта се зголемува при воспаление. До каков заклучок води ова? Оние што како деца почесто биле во допир со вообичаените бактерии, како возрасни се поотпорни на смртоносни болести.

Се губи работната етика

На многу работодавци во Финска не им се верува колку се невешти новите генерации работна сила во поглед на меѓучовечките односи, кои се предуслов за да го задржат работното место. Во едно интервју за Финската радио-телевизија, Ана Микола, сопственичка на ресторан, вели: „Тие мислат дека работното време е флексибилно и дека можат да доаѓаат и да излегуваат од работа кога сакаат“. Друг проблем се нормите на однесување и облекување. Особено во услужните дејности, претпоставените мораат да им укажат на вработените каква облека не е соодветна. Доказ дека не постои јасна граница меѓу работата и приватниот живот е тоа што пријателите на новите вработени наминуваат кога сакаат само за да си помуабетат.

Конечно бело знаме

Долгогодишните територијални несогласувања помеѓу Бангладеш и Индија околу еден мал остров во Бенгалскиот Залив конечно се решени — со покачување на морското ниво. Овој ненаселен остров, кој Индијците го викаат Њу Мур, а Бангладешаните Јужен Талпати, никогаш не се издигал на повеќе од 1,9 метри надморска височина. Меѓутоа, сателитските снимки потврдуваат дека неодамна морето го потопи. „Она што овие две земји не можеа да го решат во текот на повеќегодишните преговори, го реши глобалното затоплување“, изјави проф. Шугата Хазра од Катедрата за океанографски истражувања при Универзитетот Џадавпур во Калкута.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели