ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/12 стр. 27
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2012
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Медицински туризам во Азија
  • Две лубеници под една мишка?
  • Грузија — зачувано древно наследство
    Разбудете се! 1998
  • Религиозно прогонство во Грузија — до кога?
    Разбудете се! 2002
  • Поглед во светот
    Разбудете се! 2014
  • Азија во фокус
    Разбудете се! 2015
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 9/12 стр. 27

Поглед во светот

„На почетокот од 2011 год., во светот имаше 5,4 милијарди претплатници на мобилни телефони“ (UN CHRONICLE, САД).

Во изминативе десет години, во природни катастрофи загинаа над 780.000 лица, а речиси 60% од нив загинаа во земјотреси“ (THE LANCET, БРИТАНИЈА).

„Во последниве 20 години, околу 800.000 Руси извршија самоубиство“ (РОССИЍСКАЯ ГАЗЕТА, РУСИЈА).

На Филипините, каде што е забранет развод, бројот на жени на возраст помеѓу 15 и 49 години кои живеат во див брак, односно „невенчано... се зголеми повеќе од дупло во периодот меѓу 1993 и 2008 год.“ (THE PHILIPPINE STAR, ФИЛИПИНИ).

Во Грузија, „79,2 отсто од населението... се пасивни пушачи“. Во главниот град Тбилиси, „87,7 отсто од децата се изложени на чад од цигари“ (TABULA, ГРУЗИЈА).

Медицински туризам во Азија

Сѐ повеќе пациенти од различни делови на светот одат во странство за да добијат квалитетна медицинска нега, обично по многу пониска цена отколку во нивната земја. Весникот Business World известува дека до 2015 год. се очекува на Филипините да дојдат до еден милион „медицински туристи“, а во Јужна Кореја таа бројка се очекува до 2020 год. Популарни дестинации се и Индија, Малезија, Сингапур и Тајланд. Меѓу оние што бараат помош на клиниките за ортопедија и хирургија не се само туристите од западните земји. И голем број новопечени богаташи од Кина одат кај пластичните хирурзи со слика од „славните личности на кои би сакале да личат“, пишува во весникот.

Две лубеници под една мишка?

Технологијата честопати ги принудува вработените истовремено да прават две или повеќе комплицирани задачи и веднаш да одговараат на прашања. Но, „вработените кои вршат повеќе работи во исто време, не ги сработуваат како што треба“, вели Клифорд Нас, директор на Лабораторијата за комуникација меѓу луѓето и интерактивните медиуми, при Универзитетот Стенфорд (САД). Се вели дека оние што сакаат да завршат повеќе работи одеднаш обично се под стрес, неважни работи полесно им го одвлекуваат вниманието, не размислуваат длабоко, поради што испуштаат важни детали. Професорот Нас предлага: „Кога ќе почнеш да правиш нешто, 20 минути прави го само тоа и ништо друго. Така учиш да се фокусираш, да размислуваш длабоко“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели