ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 6/14 стр. 8-9
  • Смрт

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Смрт
  • Разбудете се! 2014
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Каде се мртвите?
  • Во каква состојба се мртвите?
  • Има ли надеж за мртвите?
  • Што всушност е пеколот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Духовите не живееле и не умреле на Земјата
    Духови на мртвите — дали можат да ти помогнат или да ти наштетат? Дали навистина постојат?
  • Можеш ли да им помогнеш на умрените?
    Разбудете се! 2006
  • Има ли надеж за мртвите?
    Добра вест од Бог!
Повеќе
Разбудете се! 2014
g 6/14 стр. 8-9
Овенат цвет

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Смрт

Каде се мртвите?

„Зашто си прав, и во прав ќе се вратиш“ (1. Мојсеева 3:19)

ШТО ВЕЛАТ ЛУЃЕТО:

Некои веруваат во задгробен живот — во рај, пекол, чистилиште и слично. Други веруваат во реинкарнација, односно повторно раѓање во друг облик на живот. А оние, пак, што не се религиозни веруваат дека со смртта човекот едноставно престанува да постои.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:

Во Проповедник 9:10 пишува дека „нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост во гробот во кој одиш“. Библијата објаснува и што се случува кога ќе умре човек или животно. Таа вели: „Сите одат на едно место. Сите настанале од прав и сите се враќаат во прав“ (Проповедник 3:20).

Во каква состојба се мртвите?

„Духот му излегува, и тој се враќа во својот прав — во тој ден пропаѓаат неговите мисли“ (Псалм 146:4)

ШТО ВЕЛАТ ЛУЃЕТО:

Многу луѓе веруваат дека, каков живот ќе има некој на оној свет, зависи од тоа што правел додека живеел на Земјата. Ако правел добро, наградата ќе му биде живот во вечно блаженство. А ако правел лошо, ќе биде осуден на вечно мачење. Постои верување дека, после смртта, човек мора да биде исчистен од гревовите пред да отиде кај Бог. А оние што нема да бидат исчистени никогаш нема да добијат такво блаженство.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:

Мртвите ниту се во состојба на блаженство ниту се мачат. Всушност, бидејќи не се свесни за ништо, тие не чувствуваат ништо. Ниту, пак, можат да им помогнат или да им наштетат на живите. Во Проповедник 9:5, 6 пишува: „Живите се свесни дека ќе умрат, а мртвите не се свесни за ништо... И љубовта нивна, и омразата нивна, и љубомората нивна ја снема, и никогаш повеќе нема да имаат дел во ништо што ќе се прави под сонцето“.

Има ли надеж за мртвите?

„Кога ќе умре човек, ќе живее ли пак? Ќе чекам во сите дни од времето што ми е одредено, додека не дојде моето ослободување“ (Јов 14:14)

ШТО ВЕЛАТ ЛУЃЕТО:

Едно раширено верување е дека, штом некој ќе отиде во пеколот, за него веќе нема никаква надеж — таму го чека вечно мачење. Меѓутоа, се верува дека оние што се во чистилиште може да одат во рај на небото дури откако со оган ќе им бидат исчистени гревовите.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:

Божјиот Син ќе ги воскресне мртвите, односно тие повторно ќе живеат овде на Земјата. Библијата вели: „Не чудете се на ова, зашто доаѓа часот во кој сите оние што се во гробовите ќе го чујат неговиот глас и ќе излезат“ (Јован 5:26, 28, 29). А дали ќе добијат вечен живот, ќе зависи од нивните постапки откако ќе воскреснат.a

a Повеќе информации во врска со воскресението можеш да најдеш во поглавје 7 од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели