ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w10 15/8 стр. 20
  • Се сеќаваш ли?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Се сеќаваш ли?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Сличен материјал
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Балсам од Галад — мевлем што лекува
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Израелците не го исполниле ветувањето
    Поуки од Библијата
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
w10 15/8 стр. 20

Се сеќаваш ли?

Уживаше ли во читањето на последните неколку броеви од Стражарска кула? Види дали можеш да одговориш на следниве прашања:

• Како можеш да им помогнеш на твоите деца да станат одговорни личности?

‚Дај му пример‘ на детето со своето одговорно однесување (Јован 13:15). Имај разумни очекувања; како што детето расте, ќе можеш да очекуваш повеќе од него во поглед на личната хигиена, точноста и училишните задачи. Давај му конкретни упатства за да сфати како да ги исполни своите одговорности (1/5, страници 19-20).

• Зошто Бог не го казнил Арон затоа што направил златно теле?

Точно, Арон го прекршил Божјиот закон за идолопоклонство (2. Мој. 20:3-5). Сепак, Мојсеј се молел за него, и неговата молитва имала „голема сила“ (Јак. 5:16). Арон верно му служел на Јехова со години. Иако народот го убедил да направи теле, подоцна тој покажал дека неговото срце не е со идолопоклоничките Израелци, бидејќи им се придружил на синовите на Леви и застанал на Јеховина страна (2. Мој. 32:25-29; 15/5, страница 21).

• Каде бил Офир, кој во Библијата е спомнат како наоѓалиште на злато?

За да донесе злато од Офир, Соломон направил бродови во Есион-Гавер (1. Цар. 9:26-28). Овој пристанишен град се наоѓал на врвот на Акабскиот Залив во близина на денешните Елат и Акаба, на Црвеното Море. Според тоа, Офир можеби бил во Арабија во близина на Црвеното Море или, пак, на брегот на Африка или Индија (1/6, страница 15).

• На што се однесува ‚балсамот во Галад‘? (Ерем. 8:22).

Балсамот бил миризливо, смолесто масло што го лачат разни растенија кои растат на многу места, како и во Галад, источно од реката Јордан. Бидејќи има лековити својства, се нанесувал на рани. Жалосната состојба во која биле Израелците требало да ги натера да бараат лек, но тие не го сториле тоа (Ерем. 8:9; 1/6, страници 21-22).

• Што може да му помогне на еден христијанин или христијанка да го поднесе неверството на сопружникот?

Ако невиниот сопружник се трудел да живее според библиските мерила, нема потреба да се чувствува виновен за неверството на прељубникот. Јехова е свесен дека ти треба утеха и охрабрување. Тој може да те утеши преку сохристијаните (15/6, страници 30-31).

• Како можеш да му помогнеш на некој што е болен?

Слушај го внимателно (Проп. 3:1, 7). Биди сочувствителен и обѕирен (Рим. 12:15). Охрабри го и помогни му (Кол. 4:6; 1. Јов. 3:18). Останете во контакт (Изр. 17:17; 1/7, страници 10-13).

• Од каде знаеме дека Бог немал почеток?

Мојсеј укажал на ова во една молитва (Пс. 90:2). Затоа, само Јехова го носи називот ‚Цар на вечноста‘ (1. Тим. 1:17; 1/7, страница 28).

• Како можеш во своите деца да всадиш љубов кон читањето?

Срдечната атмосфера и примерот на родителите може да им помогнат на децата да го засакаат читањето. Освен тоа, нека бидат опкружени со книги. Читај им наглас. Вклучи ги и децата додека читаш и зборувајте за она што го читате. Поттикни ги да ти читаат и да ти поставуваат прашања (15/7, страница 26).

• Зошто Исус не отишол веднаш кај својот болен пријател Лазар за да го излекува?

Додека Исус дошол, Лазар бил мртов веќе четири дена. Со тоа што почекал, Исус дал уште посилно сведоштво за својот Татко и мнозина поверувале во него (Јован 11:45; 1/8, страници 14-15).

• Што биле „обредните височинки“?

Главно, станувало збор за врв на некој рид каде што под ведро небо се обожавале лажни богови или за други места што служеле за истата цел. Понекогаш таму имало поставено жртвеници, свети столбови или обредни диреци и други верски предмети што народот ги користел во ритуали осудени од Бог (4. Мој. 33:52; 1/8, страница 23).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели