ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА
Како да имаш среќен брак?
Библиските совети водат до среќен брак затоа што доаѓаат од оној што го основал бракот, Јехова Бог. Тие им помагаат на брачните другари да стекнат особини што се потребни за бракот да биде среќен. Освен тоа, ги чуваат од ставови што можат да им го уништат бракот. Исто така, им помагаат да научат да комуницираат за да бидат блиски и среќни. (Прочитај Колошаните 3:8-10, 12-14.)
Мажот и жената треба да се ценат и да се почитуваат. Кога и двајцата ја прифаќаат улогата што Бог им ја дал во бракот, ќе бидат среќни. (Прочитај Колошаните 3:18, 19.)
Како може бракот да биде успешен?
Бракот може да успее само ако меѓу брачните партнери има вистинска љубов. Бог ни помага да научиме да сакаме. Тој и неговиот син, Исус, ни дале совршен пример за самопожртвувана љубов. (Прочитај 1. Јованово 4:7, 8, 19.)
Кога мажите и жените гледаат на бракот како на дар од Бог, ќе останат заедно и покрај сѐ. Бог го создал бракот како трајна врска меѓу еден маж и една жена. Бракот може да биде успешен затоа што Бог ги создал мажот и жената да се надополнуваат еден со друг физички и емоционално. Исто така, ги создал според својот лик, односно со способност да покажуваат љубов како што покажува тој. (Прочитај 1. Мојсеева 1:27; 2:18, 24.)