ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g99 8/6 стр. 19-21
  • Што има толку лошо во оговарањето?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што има толку лошо во оговарањето?
  • Разбудете се! 1999
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто го правиме тоа
  • Замки од штетното оговарање
  • Замолкнување на злобно оговарање
  • Слушањето — другата страна на оговарањето
  • Како да ги прекинам оговарањата?
    Разбудете се! 2007
  • Што има толку лошо во оговарањето?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Што ако другите ме озборуваат?
    Младите прашуваат
Разбудете се! 1999
g99 8/6 стр. 19-21

Младите прашуваат . . .

Што има толку лошо во оговарањето?

„Во моето средно училиште, тоа е како епидемија. Немаме дрога, пиштоли или тепачки — имаме оговарање. Во тоа е големиот проблем“ (16-годишната Мишелa).

НЕКОИ велат дека е уживање. Други велат дека е отров. Еден постојан проток од него тече низ списанијата, весниците и телевизиските програми. Тоа е зачин на многу разговори. Што е тоа? Опуштен разговор за луѓето и за нивните лични работи, или поинаку познат како оговарање.

Можеби ништо не го пленува нашето внимание побрзо од зборовите: „Слушна ли што е најново?“ Она што следи после овие зборови може да биде вистина или измислица — или, пак, по малку од двете. Како и да е, искушението да се впуштиш во оговарање може да биде силно. „Многу е тешко да не се биде заинтересиран за работите на другите луѓе“, вели 17-годишната Лори. „Постои едно немо ветување помеѓу тебе и твоите пријатели дека кога ќе дознаеш нешто сочно, мора да им кажеш.“

Зошто го правиме тоа

Зошто оговарањето толку нѐ фасцинира? Како прво, луѓето се друштвени суштества. Со други зборови, луѓето се интересираат еден за друг. Затоа, сосема е природно порано или подоцна нашите разговори да се свртат кон најновите случки во животот на пријателите и познаниците.

Дали тоа е лошо? Не секогаш. Прилично често, неформалниот разговор дава корисни информации како, на пример, кој ќе стапи во брак, кому му се родило бебе и кој е болен. Дури и христијаните од првиот век дискутирале за најновите случки во животот на соверниците (Ефесјаните 6:21, 22; Колосјаните 4:8, 9). Всушност, опуштениот разговор за пријателите и познаниците е составен дел од начинот на кој комуницираме и одржуваме добри односи.

Замки од штетното оговарање

Но, понекогаш, разговорот за животот на другите е мотивиран и од нешто друго освен од грижа. На пример, 18-годишната Диадра вели: „Луѓето оговараат за да стекнат популарност. Мислат дека ќе бидат [популарни] ако знаат некоја приказна што е подобра од приказната која штотуку ја чуле“. Желбата да ги импресионира другите може да го наведе оговарачот дури и да ги искриви фактите. „Ако ја знаеш приказната, имаш моќ да манипулираш со неа“, објаснува 17-годишната Рејчел. „Како да имаш свое сликарско платно и ти можеш да ја направиш приказната колку што сакаш поапстрактна.“

Понекогаш невистинитото оговарање се користи како средство за одмазда. „Еднаш раширив невистинити гласини за една моја пријателка“, вели 12-годишната Еми. „Тоа го направив затоа што таа рече нешто за мене.“ Со каков резултат? „На почетокот си помислив: ‚Охо, што убаво ѝ вратив‘.“ Меѓутоа, Еми понатаму објаснува: „Наскоро тоа излезе од контрола и јас повеќе настрадав од тоа што постапив така отколку да молчев уште од почетокот“.

Лесно е да се види дека оговарањето може да стане, како што се изразил еден експерт за ментално здравје, „како оган кој навистина брзо излегува од контрола“. (Спореди Јаков 3:5, 6.) Кога ќе се случи тоа, резултатите можат да бидат катастрофални. На пример, што ако се рашири нешто што треба да остане доверливо? Или, што ако оговарањето е невистинито и, ако го разнесеш, упропастиш нечија добра репутација? „Еден од моите пријатели почна да шири гласини дека се дрогирам, што не е точно“, вели 12-годишниот Бил. „Тоа навистина ме повреди.“

Замолкнување на злобно оговарање

Со добра причина Библијата вели дека „смртта и животот му се потчинети на јазикот“ (Изреки 18:22). Да, нашите зборови можат да бидат како алатки за градење или како оружје за уништување. За жал, многумина денес го користат својот јазик за втората употреба. Тие се како оние што ги опишал псалмистот Давид, кои ‚ги наостриле јазиците свои како меч, го затегнале лакот свој — па исфрлаат ранливи зборови, за да стрелаат скришно на непорочниот‘ (Псалм 63:2—4).

Оние кои сакаат да му угодат на Бог не треба да шират невистинити извештаи, бидејќи Библијата наведува дека „лажливата уста е одвратност пред Господа“ (Изреки 12:22). Намерното започнување или пренесување гласини за кои знаеш дека не се точни е лажење, а Библијата вели дека христијаните треба ‚да ја отфрлат лагата‘ и ‚да си ја кажуваат вистината секој на својот ближен‘ (Ефесјаните 4:25).

Затоа, пред да речеш нешто за некого, запрашај се: ‚Дали навистина знам како стојат работите? Дали она што го велам ќе го наведе слушателот да има лошо мислење за лицето за кое зборувам? Ако е така, од кој мотив го кажувам тоа?‘ Запомни го следново: Самиот факт дека нешто е точно не го оправдува ширењето — особено ако таа информација наштети на нечија репутација.

Друго прашање кое треба да си го поставиш е: ‚На кој начин оговарањето ќе се одрази врз мојата репутација?‘ Да, со тоа што оговараш, ти кажуваш нешто за себе. На пример, Кристен вели: „Ако можеш да си дозволиш да поминеш толку многу време зборувајќи за другите луѓе, тогаш твојот живот сигурно не е многу интересен“. Лиза открила дека нејзината репутација како оговарач морала да ја плати со губење на довербата на нејзината најблиска пријателка. „Дојде дотаму што таа се сомневаше дали може да има доверба во мене“, вели таа. „Беше ужасно — морав да ѝ докажам дека може да се потпре на мене.“

Ако си познат како оговарач, луѓето ќе почнат да те сметаат за таков кој веројатно ќе наштети и можеби повеќе нема да го бараат твоето друштво. Една библиска изрека гласи: „Кој оди да оговара, открива тајна, и кој широко ја отвора устата своја, со него не се здружувај“ (Изреки 20:19). Но, дали си знаел дека можеш да придонесеш за штетно оговарање дури и без да кажеш ниту збор?

Слушањето — другата страна на оговарањето

Потребни се барем двајца за да дојде до оговарање — говорник и слушач. Иако слушачот можеби изгледа помалку виновен од говорникот, Библијата дава едно поинакво гледиште за таа работа. Во Изреки 17:4 читаме: „Лош човек се вслушува во беззакона уста; праведникот лажлива уста не слуша“. Значи, оној што слуша оговарање сноси голема одговорност. „На некој начин дури и полошо е да се слуша оговарање отколку да се зборува“, вели писателот Стивен М. Вилен. Зошто? „Со тоа што му нудите ревносна публика“, продолжува Вилен, „го охрабрувате говорникот да продолжи.“

Тогаш, што треба да направиш кога до твоите уши ќе стигне штетно оговарање? Без да се правиш самоправеден, би можел едноставно да речеш: ‚Да ја смениме темата‘ или ‚Некако не ми е пријатно да разговарам за ова. Па, таа не е тука за да се одбрани‘.

Но, што ако луѓето се оддалечат од тебе затоа што одбиваш да се вклучиш во нивните разговори? Во некоја смисла, тоа би можело да послужи како заштита за тебе. Како тоа? Па, запомни дека лицето кое ги оговара другите пред тебе, веројатно ќе те оговара и тебе пред нив. Затоа, можеш да се поштедиш од голема болка ако се зближиш со млади и возрасни кои не ги оцрнуваат другите со својот говор. Вилен вели: „Што и да се чини дека губиш со тоа што нема да оговараш, наскоро ќе увидиш дека не си изгубил ништо друго освен можноста да се чувствуваш бедно. На крајот ќе постигнеш најдобар резултат со тоа што ќе стекнеш репутација на доверлива личност“.

Што е најважно, ќе стекнеш добро име пред Бог. Тој се интересира за начинот на кој зборуваме за другите, бидејќи Исус Христос предупредил: „За секој лош збор, што ќе го изговорат луѓето, ќе одговараат на судниот ден; оти по зборовите свои ќе бидеш оправдан, и по зборовите свои ќе бидеш суден“ (Матеј 12:36, 37).

Затоа, мудро е да го следиш советот на апостол Павле: „Усрдно да се грижите да живеете тихо, да си ја гледате работата“ (1. Солунјаните 4:11). Тоа ќе ти помогне да задржиш добри односи со другите и добра положба пред Бог.

[Фуснота]

a Некои имиња во оваа статија се променети.

[Рамка на страница 21]

„Најголема направа за оговарање во светот“

Слушна ли што е најново? Со појавувањето на електронската пошта, E-mail, оговарањето сега влезе во високата технологија. Всушност, писателот Сет Годин го нарекува E-mail-от „најголема направа за оговарање во светот“. Иако ги признава неговите користи, тој предупредува: „Некој може да почне со нешто што е или факт или погрешна изјава, и одеднаш илјадници луѓе се потенцијални соучесници“.

E-mail-от може да дојде до широка публика, и тоа брзо. Годин вели: „Тоа е првиот нов облик на комуникација кој го комбинира авторитетот и пресметаната мисла на нешто напишано со брзината и моменталната острина на телефонскиот повик“. Затоа, мудро е кога ќе испраќаш E-mail да се погрижиш твојата порака да биде јасна. И никако не им пренесувај на пријателите непотврдени информации.

[Слики на страница 20]

Лицето кое ги оговара другите пред тебе . . . веројатно ќе те оговара и тебе пред нив

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели