ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 2/09 стр. 30
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2009
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Мување“ меѓу студентите
  • Надомест за женско дете
  • Вревата и птиците
  • Бука — што можете да сторите во врска со неа
    Разбудете се! 1998
  • Бука — современ вознемирувач
    Разбудете се! 1998
  • Кога птиците ќе удрат во стакло
    Разбудете се! 2009
  • Шест гласници од вселената
    Разбудете се! 1996
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 2/09 стр. 30

Поглед во светот

◼ „Со помош на телескопите Субару и Кек, кои се поставени на Мауна Кеа [Хаваи], една група астрономи открија џиновски тродимензионални ‚нишки‘ од галаксии, кои се протегаат 200 милиони светлосни години во должина.“ Овие нишки се дел од најголемата структура што некогаш е откриена (ВЕБ-САЈТ НА SUBARU TELESCOPE, ЈАПОНИЈА)

◼ Државниот завод за статистика на Обединетото Кралство известува дека ‚во 2006 год. [во Англија и во Велс] имало најмалку венчавки во однос на последниве 110 години. Сѐ повеќе парови избираат да живеат во див брак‘ (THE GUARDIAN WEEKLY, БРИТАНИЈА)

◼ Според организацијата Pew Forum on Religion and Public Life, „44 отсто од возрасните или ја смениле својата религија, или претходно биле религиозно неопределени, а потоа се приклучиле кон некоја религија, или сега немаат никаква верска припадност“ (САД)

„Мување“ меѓу студентите

„Со исклучок на некои евангелски колеџи,... државните, приватните и католичките колеџи и универзитети не се разликуваат многу кога станува збор за ‚мувањето‘. Имено, сѐ повеќе студенти, кои живеат во студентски домови, често менуваат партнери заради сексуално задоволство.“ Оваа изјава ја дала Дона Фрејтас, доцент и католички теолог, откако спровела истражување за сексуалната активност и религијата во американските колеџи. Според весникот National Catholic Reporter, Фрејтас рекла дека слабото влијание на религијата врз сексуалниот морал открива не само „колку раширено е мувањето“ туку и „колку неспособна е религијата да се справи со него“.

Надомест за женско дете

На сиромашните семејства со женско новороденче, индиската влада им нуди паричен надомест во противвредност од околу 2.000 евра, известува Би-Би-Си. Родителите ќе добијат финансиска поддршка прво кога ќерката ќе им се роди, а потоа уште неколку пати додека не наполни 18 години. Селективниот абортус е доста раширен, и покрај забраната од 1994 год. Се проценува дека, во последниве 20 години, биле абортирани околу 10 милиони фетуси од женски пол, така што во некои места сериозно е нарушена рамнотежата во бројот на момчиња и девојчиња. Според пописот од 2001 год., на секои 1.000 машки деца во земјата има по 927 женски деца помали од шест години, а разликата и понатаму се зголемува. Во една држава, има 793 женски на секои 1.000 машки новороденчиња.

Вревата и птиците

Некои птици мораат да се намачат за да ја надвикаат градската бучава. За луѓето, ваквата врева е непријатна досада, но за птиците може да значи „живот или смрт“ бидејќи мажјаците пеат за „да ги привлечат женките и да ја означат својата територија“, вели списанието New Scientist. Поради тоа што градската врева е погласна ако звуците се со ниска фреквенција, некои птици пеат ноќе, го прават тоа погласно или со повисока интонација. Што е уште поинтересно, ваквата приспособливост не е својствена само за градските птици, како што стои во истото списание. Птиците што живеат близу до „водопади и брзи реки исто така пеат на повисока фреквенција“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели