ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 15/12 стр. 12-13
  • Зошто му служиш на Бог?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто му служиш на Бог?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Преброј ги своите благослови
  • Собраниските состаноци можат да помогнат
  • Зошто да му служиме на Јехова?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Борба да се прави она што е исправно
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Јехова навистина те сака!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Одлучи да му служиш на Јехова уште додека си млад
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 15/12 стр. 12-13

Зошто му служиш на Бог?

Еден богобојазлив цар еднаш на својот син му го дал овој совет: „Познај Го Бога, својот Татко, и служи Му со сето срце и со драговолна душа“ (1. Летописи 28:9). Јасно, Јехова сака неговите слуги да му служат со благодарни срца полни со ценење.

КАКО Јеховини сведоци спремно признаваме дека кога првпат ни беа објаснети библиските ветувања, нашите срца се прелеваа од благодарност. Секој ден учевме нешто ново за Божјите намери. Колку повеќе учевме за Јехова толку стануваше посилна нашата желба да му служиме „со сето срце и со драговолна душа“.

Многумина кои стануваат Јеховини сведоци и понатаму му служат на Јехова со бескрајна радост низ својот живот. Меѓутоа, некои христијани почнуваат добро, но со текот на времето ги губат од вид убедливите причини кои нѐ мотивираат да му служиме на Бог. Дали тоа се случува и со тебе? Ако да, не очајувај. Изгубената радост може да се врати. Како?

Преброј ги своите благослови

Прво, медитирај за секојдневните благослови кои ги добиваш од Бог. Размисли за добрите дарови од Јехова: неговите разновидни дела на создавање — достапни на сите без оглед на општествениот или економскиот статус — неговите природни подготовки за храна и пиење, здравјето колку што го имаш, твоето спознание на библиската вистина и, што е најглавно, дарот на неговиот Син. Неговата смрт го отворила патот да му служиш на Бог со чиста совест (Јован 3:16; Јаков 1:17). Колку повеќе медитираш за Божјата доброта толку повеќе ќе расте твоето ценење за него. Тогаш срцето ќе те поттикне да му служиш од благодарност за сѐ што сторил тој. Несомнено пак ќе почнеш да се чувствуваш како и псалмистот кој напишал: „О Господи, Боже мој, Ти твориш многу чудеса и замисли чудни — Ти нема рамен! . . Премногу се за да бидат преброени“ (Псалм 40:5).

Овие зборови ги напишал Давид, човек чиј живот бил далеку од тоа да е без проблеми. Кога бил млад, голем дел од времето Давид поминал како бегалец додека злобниот цар Саул и неговите телохранители го барале за да го убијат (1. Самоил 23:7, 8, 19—23). Исто така, Давид се борел и со лични слабости. Ова го признал во 40. Псалм: „Зашто ме опкружија безбројни зла, моите беззаконија ме стигнаа, така што не можам да гледам; ги има повеќе од влакната на мојата глава“ (Псалм 40:12). Да, Давид имал неволји, но не бил сосема совладан од нив. Тој се сосредоточил на начините на кои Јехова го благословувал, и покрај проблемите што ги имал, и увидел дека тие благослови далеку ги надминуваат неговите неволји.

Кога се чувствуваш проголтан од лични проблеми или од чувства на недостаточност, добро е да застанеш и да ги преброиш своите благослови, како што сторил Давид. Несомнено, ценењето за тие благослови те поттикнало да му се предадеш на Јехова; таквите мисли можат и да ти помогнат повторно да ја распламтиш изгубената радост и да му служиш на Бог од срце полно со ценење.

Собраниските состаноци можат да помогнат

Освен што треба насамо да медитираме за Јеховината доброта, треба и да се дружиме со сохристијаните. Охрабрувачки е редовно да се состануваме со мажите, жените и младите кои го љубат Бог и кои се решени да му служат. Нивниот пример може да нѐ стимулира на активност со сета душа во Јеховината служба. Нашето присуство во Салата на Царството може и нив да ги охрабри.

Мора да признаеме, кога си доаѓаме дома по еден напорен ден работа или кога сме обесхрабрени поради некој проблем или некоја слабост, можеби не ни е баш лесно да мислиме на одење на состанок во Салата на Царството. Во такви прилики можеби ќе мора да бидеме строги со себеси и ‚да го биеме своето тело‘, така да се каже, за да бидеме послушни на заповедта да се собираме со сохристијаните (1. Коринќаните 9:26, 27; Евреите 10:23—25).

Ако дојде до ова, дали треба да заклучиме дека ние не го сакаме Јехова вистински? Никако. Зрелите христијани од минатото, чија љубов кон Јехова била неоспорна, морале да вложуваат силни напори за да ја вршат Божјата волја (Лука 13:24). Апостол Павле бил еден од тие христијани. Тој отворено ги опишал своите чувства на ваков начин: „Знам дека во мене, односно во моето тело, не престојува ништо добро; зашто способност да сакам имам во себе, но способност да го правам она што е добро, немам. Зашто доброто што го сакам не го правам, туку злото што не го сакам, тоа го вршам“ (Римјаните 7:18, 19). А на коринќаните им рекол: „А ако ја објавувам добрата вест, тоа за мене не е причина да се фалам, зашто наметната ми е нужност . . . Ако го правам тоа доброволно, имам награда; а ако го правам против своја волја, сепак ми е доверено настојништво“ (1. Коринќаните 9:16, 17).

Исто како многумина од нас, Павле имал грешни склоности кои ја кочеле неговата желба да го прави она што е исправно. Меѓутоа, водел тешка борба со тие склоности, и претежно бил успешен. Се разбира, Павле не го постигнал тоа со сопствена сила. Тој напишал: „За сѐ имам сила со помош на оној кој ми дава моќ“ (Филипјаните 4:13). Јехова, оној кој му дал сила на Павле, ќе ти даде и тебе сила за да го правиш она што е исправно ако го молиш за помош (Филипјаните 4:6, 7). Затоа, ‚води тешка борба за верата‘, и Јехова ќе те благослови (Јуда 3).

Оваа битка не мора да ја водиш сам. Во собранијата на Јеховините сведоци, зрелите христијански старешини кои истрајуваат во ‚борбата за верата‘ се спремни да ти помогнат. Ако му пристапиш за помош на некој старешина, тој ќе настојува да ти ‚зборува утешно‘ (1. Солуњаните 5:14). Целта ќе му биде да постапи како „заветрина, прибежиште од невреме“ (Исаија 32:2).

„Бог е љубов“, и тој сака неговите слуги да му служат од љубов (1. Јованово 4:8). Ако е потребно твојата љубов кон Бог повторно да се разгори, преземи соодветни чекори, како што беше изложено погоре. Ќе бидеш среќен поради тоа.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели