Писмено повторување во Теократската школа на проповедање
Повторување на материјалот обработен во Теократската школа на проповедање во седмиците од 2. мај до 22. август 1994. Употреби посебен лист за запишување на онолку прашања колку што ти е можно во зададеното време.
(Забелешка: Во текот на писменото повторување при одговарањето на прашањата можеш да се служиш само со Библијата. Упатствата во заградите служат за лично истражување.)
Означи дали следниве искази се точни или неточни:
1. Зборот „Села“, кој се појавува 71 пат во книгата Псалми, не треба да се изговара при читањето. [si стр. 101, пас. 5]
2. Според Псалм 14:4, ако еден христијанин дознае дека нешто што ветил е небиблиско, треба сепак да го стори тоа. [Седмично читање на Библијата; види wE 15.9.89, стр. 28, 29]
3. Книгата Јов докажува дека Бог не ги предизвикува страдањата, болестите и смртта на човештвото. [si стр. 100, пас. 42]
4. Исусовиот животен пат докажал дека Адам можел да задржи совршена беспрекорност, само ако сакал, и дека Бог не направил грешка при создавањето. [uw стр. 52, пас. 11]
5. Робот што е опишан во Лука 19:20-24, кој добил едно ќесе и го чувал оставено во ткаенина, бил виновен за грев поради неизвршена заповед. [gt погл. 100]
6. Со напорна работа и потполна оддаденост на Бог, еден искрен христијанин може да го заслужи правото на вечен живот. [uw стр. 36, пас. 13]
7. Прво послание до Коринтјаните 2:9 се однесува на идниот Рај на Земјата. [uw стр. 26, пас 12 (3); види wE 15.9.85, стр. 30]
8. Не можеме да си дозволиме нелојалното однесување да го сметаме за неважно само затоа што е вообичаено во светот. [uw стр. 53, пас. 13]
9. Псалм 49:15 (НС) е израз на вера во надежта за воскресение. [Седмично читање на Библијата; види wMC 8 / 89, стр. 12, пас. 13]
10. Понекогаш наговарањето да се препуштиш на световно однесување доаѓа од некој друг кој тврди дека му служи на Јехова. [uw стр. 43, пас. 11]
Одговори на следниве прашања:
11. Што е тоа псалм? [si стр. 101, пас. 2]
12. Какво прекрасно уверување ни дава Псалм 27:10 (НС)? [Седмично читање на Библијата; види wMC 15.3.92, стр. 22, пас. 17]
13. Какво погрешно гледиште, што го имаат непокајничките грешници, открива Псалм 10:13 (НС)? [Седмично читање на Библијата; види wMC 1.11.91, стр. 6]
14. Според 2. Мојсеева 9:15, 16, што било постигнато со Јеховиниот начин на постапување со фараонот? [uw стр. 57, пас. 6, 7]
15. Наведи две гледишта од кои можеме корисно да го анализираме она што го читаме од Библијата. [uw стр. 27]
16. Што значи заповедта „Синот бакнете го“, како што е изнесена во Псалм 2:12 (НС)? [Седмично читање на Библијата; види wMC 6/86, стр. 17]
17. За каков вид слобода зборувал Исус во Јован 8:32? [uw стр. 40, пас. 6]
18. Кој е предочен со „жената“ од 1. Мојсеева 3:15? [uw стр. 30, пас. 3]
19. Зошто Давид можел да му каже на Јехова во Псалм 50:4: „Пред Тебе Единствениот згрешив“, кога знаел дека неговите грешни постапки биле престап против други луѓе? [Седмично читање на Библијата; види wMC 15.3.93, стр. 11, пас. 13]
20. Што било „мерзоста на запустението“ во првиот век, а што е денес? (Мат. 24:15). [gt погл. 111]
Впиши што недостига во следниве изјави:
21. Во Јов 40:15 (НС), врз основа на расположливите докази „Беемот“ се однесува на ․․․․․․․․ а од Јов 41:1 (НС), „Левиатан“ соодветно одговара на ․․․․․․․․. [Седмично читање на Библијата; види it-1 стр. 280 и it-2 стр. 240]
22. Самиот глас на Јехова се чул кога Исус се ․․․․․․․․ во времето на ․․․․․․․․ и на 10. низан 33. н. е., кога му се молел на својот Татко во ․․․․․․․․ во Ерусалим. [gt погл. 104]
23. Фарисеите го цеделе ․․․․․․․․ од своето вино поради тоа што бил церемонијлно нечист, а ги запоставувале правдата, милосрдноста и верноста, што може да се спореди со проголтување на ․․․․․․․․ која е исто така церемонијално нечисто животно. [gt погл. 109]
24. Со оглед дека Сатана употребил лага за да ги наведе нашите прародители на грев, Исус го нарекол ․․․․․․․․ [uw стр. 53, пас. 13 (1)]
25. Исус е Божји ․․․․․․․․ Син бидејќи тој е единствениот кого Јехова го создал сам. [uw стр. 29, пас. 1]
Пронајди го точниот одговор во следниве изјави:
26. Како што е запишано во Јов 42:5, Јов го видел Бог така што (имал визија од Бог во олуја; видел ангел што му се појавил; поприсно го запознал Јехова). [Седмично читање на Библијата; види wMC 12/88, стр. 21, пас. 11]
27. Жената на која се осврнал Исус во Матеј 26:13 била (Марија, сестра му на Лазар; Марија Клеопова; Марија Магдалина). [gt погл. 101]
28. Темелите кои се раскопани, како што е запишано во Псалм 11:3 (НС), се однесуваат на (темелите на храмот во Ерусалим; Исус Христос како на Аголен Камен; темелите на кои почива општеството, како што се правдата, законот и редот). [Седмично читање на Библијата; види wMC 6/86, стр. 17]
29. Исус ги нарекол апостолите (Петар и Андреј; Филип и Вартоломеј; Јаков и Јован) „Синови на громот“ поради нивниот избувлив карактер. [gt погл. 98]
30. Големото спорно прашање кое го покренал Сатана кога го нападнал Божјето право да владее и Неговиот начин на владеење, всушност се однесувало на (човековите права; прашањето кој бил најмоќен; Божјата универзална сувереност). [uw стр. 46, пас. 1]
Стави ги следниве библиски стихови зад соодветните изјави:
1. Мој. 3:1-5; Пс. 23:1; Дела 8:32-38; Евр. 10:26, 27; 1. Петр. 4:3, 4
31. Признавањето дека човекот и Земјата се Божји творби и дека сѐ му припаѓа на Јехова ќе ни помогне да бидеме понизни и послушни. [uw стр. 39, пас. 4]
32. Треба мошне да се чуваме да не западнеме во навика да правиме нешто што знаеме дека не му се допаѓа на Јехова. [uw стр. 33, пас. 8 (3) и 8 (4)]
33. Точното спознание на Библијата и ценењето на нејзината порака ги поттикнува лицата слични на овци да се крстат. [uw стр. 32, пас. 7]
34. Иако можеби работиш со неверници или одиш на училиште со нив, покажуваш дека не ги избираш за свое друштво така што го избегнуваш секое непотребно дружење со нив. [uw стр. 44, пас. 13]
35. Битно е да избегнуваме световно размислување кое влијае врз луѓето да веруваат дека нешто им е ускратено ако не можат да си поставуваат свои мерила во животот. [uw стр. 46, пас. 1]