ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/95 стр. 1
  • Секогаш изобилно вработени

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Секогаш изобилно вработени
  • Нашата служба за Царството 1995
  • Сличен материјал
  • Дали си презафатен?
    Нашата служба за Царството 1996
  • Дали можеш да бидеш среќен ако многу работиш?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Зафатени со мртви дела или во Јеховина служба?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Дали тоа е пречка да проповедаш?
    Нашата служба за Царството 2001
Повеќе
Нашата служба за Царството 1995
km 1/95 стр. 1

Секогаш изобилно вработени

1 Јеховиниот народ е многу зафатен народ. Имаме многу обврски околу нашето семејство, работното место и училиштето. Згора на тоа, секогаш има ‚изобилна работа во делото Господово‘ (1. Кор. 15:58, НС). Мораме да се подготвиме и да присуствуваме на седмичните собраниски состаноци. Охрабрени сме да не оставиме седмицата да помине, а ние да не учествуваме во службата на подрачјето. Редовно мора да одвојуваме доволно време за лична и семејна библиска студија. Старешините и слугите помошници имаат многу собраниски задачи. Некојпат сме замолени да им помогнеме на достојните кои имаат некаква потреба.

2 Понекогаш, некои од нас се чувствуваме преоптоварени од сето она што мораме да го направиме. Сепак, најзафатените луѓе можат да бидат меѓу најсреќните доколку одржат рамнотежа и исправен поглед на иднината (Проп. 3:12, 13).

3 Апостол Павле бил многу вработен човек. За разлика од другите апостоли, тој работел многу понапорно. Додека се грижел за своите лични потреби, работејќи световно како изработувач на шатори, неуморно се напрегал како евангелизатор, проповедајќи јавно и од куќа до куќа, а не ги запоставувал ни своите одговорности како пастир на стадото (Дела 20:20, 21, 31, 34, 35). И покрај неговиот исполнет распоред, Павле бил секогаш желен да стори повеќе во Јеховината служба. (Спореди Римјаните 1:13-15.)

4 Павле задржал рамнотежа и весело срце со тоа што имал доверба дека Јехова ќе му дава сила. Својата служба ја сметал за корисна и задоволувачка (Фил. 4:13). Знаел дека Бог нема да го заборави неговото дело (Евр. 6:10). Радоста што ја имал затоа што им помагал на другите да го запознаат Јехова, го исполнувала со живост (1. Сол. 2:19, 20). Гаранцијата дека ќе му се оствари надежта темелена на Библијата, го терала да остане марлив (Евр. 6:11).

5 И ние треба да го земаме во обѕир доброто што произлегува од нашата тешка работа. Нашата присутност и учеството на седмичните состаноци служат за изградување и охрабрување на другите (Евр. 10:24, 25). Сесрдните напори да ги достигнеме сите со добрата вест придонесуваат за напредок на собранието бидејќи се негува интерес и ни се придружуваат нови (Јован 15:8). Помагањето на оние што имаат потреба го унапредува блискиот, семеен дух во собранието (Јак. 1:27). Освен тоа, како Павле, никогаш не треба да заборавиме дека зафатеноста со корисни работи особено му се допаѓа на Јехова Бог. Голема предност е што му служиме. За нас нема подобар начин на живот.

6 Има и една додатна корист од изобилната вработеност. Кога сме зафатени со следењето на една здрава духовна рутина, се чини дека времето минува многу побрзо. Сфаќајќи дека секој изминат ден нѐ приближува сѐ повеќе до новиот свет, радо го прифаќаме исполнетиот живот што сега го уживаме. Исто така, увидуваме колку е мудро да останеме зафатени, со оглед на тоа што ни останува помалку време да се впуштаме во јалови световни преокупации (Ефеш. 5:15, 16).

7 Се разбира, има изобилна работа во делото Господово. Но ние можеме да останеме среќни ако продолжиме да се потпираме на Јехова Бог и на Исус Христос, кои ја прават нашата служба закрепнувачка и корисна (Мат. 11:28-30; 1. Јов. 5:3).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели