Распоред за состаноците за служба
Седмица што почнува од 14 јули
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Користејќи ги предлозите на 4. страница нека има приказ како да се презентира Стражарска кула од 15 јули. Во презентацијата треба да се понудат две списанија, иако се презентира само едно.
15 мин: Како обожавањето на Јехова ни го збогатува животот? Дискусија со присутните. Вистинското обожавање е клучот за среќен, смисловен живот. 1) Тоа ни помага да се справиме со животните проблеми и грижи (Фил. 4:6, 7). 2) Нѐ охрабрува да негуваме особини што му се угодни на Бог (2. Петр. 1:5—8). 3) Ни помага да ги користиме нашето време и средства на најдобар начин (1. Тим. 6:17—19). 4) Ни дава сигурна надеж за иднината (2. Петр. 3:13). 5) Ни овозможува да развиеме близок однос со Јехова (Јак. 4:8). За разлика од тоа, спореди како овие работи недостигаат кај оние што не го познаваат или што не му служат на Јехова.
20 мин: „Благодарност за Божјата милост.“a Кога дискутираш за 3. пасус, дај предлози како да се започне обиколка со списанија што се темелат на Наша служба за Царството од октомври 1998, 8. страница. Прашај еден или двајца способни објавители кој пристап за нив е делотворен за да се започнат библиски студии. Охрабри ги сите да си постават цел да започнат и да водат библиска студија (om стр. 91).
Песна 176 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 21 јули
10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.
10 мин: „Нова програма за покраинскиот собир.“ Говор и дискусија со присутните. Кажи ги датумите за следниот покраински собир. Доколку собранието треба да го има својот собир во наредните неколку месеци, спомни дека оние што сакаат да се крстат треба да го известат претседавачкиот надгледник. Охрабри ги сите да вложат посебни напори да ги поканат библиските студенти и да присуствуваат на сите сесии.
25 мин: Имитирај ја нивната смелост во проповедањето. Дискусија со присутните темелена на книгата Обожавај го Бог, страници 170, 171. Покани ги присутните да одговорат на прашањата поставени во 7. пасус и да ги вклучат наведените стихови во своите коментари. Прочитај избрани стихови. Нагласи ги поуките што ги учиме од овие извештаи и како тие ни помагаат да имаме исправно гледиште за нашиот налог да проповедаме.
Песна 201 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 28 јули
10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да ги предадат извештаите од служба на теренот за јули. Користејќи ги предлозите на 4. страница, нека има два посебни приказа како да се презентира Стражарска кула од 1 август и Разбудете се! од 8 август. Во обата случаи треба да се понудат две списанија едно во друго, иако само едно се презентира. Во едниот приказ објавителот нека сведочи неформално.
15 мин: Локални потреби.
20 мин: „Групното сведочење донесува радост.“b Кога дискутираш за 3. пасус, вклучи коментари од „Рубрика прашања“ од Наша служба за Царството од септември 2001. Интервјуирај накратко еден надгледник на собраниска студија на книга. Прашај го за подготовките за служба на теренот што ги направил за својата група на студија на книга и како групата извлекува корист од заедничкото сведочење.
Песна 36 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 4 август
10 мин: Локални известувања. Спомни ја понудата на литература за овој месец. Нека има една или две кратки презентации што би можеле да се користат.
20 мин: „Нудење литература на повеќејазично подрачје.“c Користи ги дадените прашања. Кога го разгледуваш 3. пасус, нека има едноставна презентација на некој странски јазик што се зборува на локалното подрачје а на кој нема собрание (km 7/02 стр. 1, пас. 4).
15 мин: Младите го фалат Јехова! Говор со дискусија со присутните и интервјуа. Уживаме кога слушаме како младите даваат добро подготвени коментари на состаноците. Нѐ радува тоа што се марливи и што напредуваат во Теократската школа за служба. Тие покажуваат вистинска вера давајќи одлично сведоштво во службата. Нивното побожно однесување му донесува слава на Јехова (yb88-E стр. 53, 54). Нивниот духовен напредок го поставува темелот за предности во иднина. Накратко интервјуирај двајца или тројца млади христијани што редовно учествуваат во собраниските активности. Искрено пофали ги младите во собранието за нивните одлични напори да го фалат Јехова.
Песна 49 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.