ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/04 стр. 2
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2004
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 12 јануари
  • Седмица што почнува од 19 јануари
  • Седмица што почнува од 26 јануари
  • Седмица што почнува од 2 февруари
Нашата служба за Царството 2004
km 1/04 стр. 2

Распоред за состаноците за служба

Седмица што почнува од 12 јануари

Песна 224

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Користејќи ги предлозите на 4. страница, прикажи како да се презентира Стражарска кула од 15 јануари. Иако се презентира само Стражарска кула, треба да се понудат две списанија едно во друго. По приказот истакни некои практични аспекти од презентацијата.

15 мин: „Ненадминливата вредност на божествената мудрост.“a Колку што дозволува времето, замоли ги присутните да коментираат за наведените стихови.

20 мин: Нови публикации за кои се радуваме што ги добивме. Дискусија со присутните. Бевме пресреќни што добивме две нови публикации на обласниот конгрес „Оддајте му слава на Бог“. „Види ја добрата земја“ е сосема поинаква од сите други публикации во нашата библиотека. На секои две страници е претставен приказ кој открива различни аспекти од Ветената земја. Укажи на некои детали што ги има на различни карти. Предложи практични начини на кои може да се користи оваа публикација. Учи од Големиот Учител ќе го подобри духовното здравје на нашите деца. Спомни некои од навремените теми што се опфатени и покажи како можат да извлечат корист и родителите и младите. Замоли ги присутните да коментираат на кој начин тие ги користат делотворно овие нови публикации.

Песна 186 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 19 јануари

Песна 95

5 мин: Локални известувања.

10 мин: Рубрика прашања. Говор на еден старешина.

15 мин: Локални потреби.

15 мин: „Како можеме да му помогнеме на брачниот другар што не е Сведок?“b Интервјуирај еден или двајца што станале слуги на Јехова како резултат на добриот пример што го оставил нивниот брачен другар кој ја прифатил вистината.

Песна 73 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 26 јануари

Песна 158

12 мин: Локални известувања. Сметководен извештај. Потсети ги објавителите да ги предадат извештаите за служба на теренот за јануари. Користејќи ги предлозите на 4. страница, прикажи како да се презентира Стражарска кула од 1 февруари и Разбудете се! од 8 февруари. И во двата случаи, двете списанија треба да се понудат едно во друго, иако се презентира само едното. Во една од презентациите прикажи како може да му се понудат списанијата на некој сосед.

15 мин: Применувај ја Божјата реч во својот живот секој ден. Говор и дискусија со присутните. Охрабри ги сите добро да ја користат брошурата Секојдневно испитување на Писмото — 2004. Дискутирај за коментарите во предговорот, страници 3, 4. Прашај ги присутните кое време тие мислат дека е најдобро за да се разгледа дневниот стих. Дискутирај со собранието за стихот и за коментарот за тој ден. Замоли ги присутните да коментираат за тоа како можеме практично да ги примениме информациите. Охрабри ги сите накратко да разгледаат како да го применат материјалот кога дискутираат за стихот секој ден.

18 мин: Да се негува пријателство со соверниците (Посл. 18:24; 27:9). Говор и дискусија со присутните темелени на Стражарска кула од 1 декември 2000, страници 22, 23. Еден од благословите на вистинското обожавање е можноста да се стекнат вистински пријатели. Нашето дружење на состаноците, во службата на теренот и во други прилики ни овозможува богат извор на охрабрување. Како можеме да негуваме пријателство со другите во собранието? Разгледај ја рамката „Шест чекори за трајно пријателство“, и замоли ги присутните да коментираат за тоа како може да се примени секоја точка во нашите постапки со браќата.

Песна 177 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 2 февруари

Песна 204

10 мин: Локални известувања. Спомни ја понудата на литература за февруари. Разгледај ги презентациите за нудење на книгата Приближи му се на Јехова од Наша служба за Царството од јануари 2003, 3. страница.

20 мин: „Строго пази како го користиш времето“.c Замоли ги присутните да коментираат за тоа што прават тие за да не им дозволат на неважните работи да им го одземаат времето за духовни активности.

15 мин: Имитирај го Павле како што тој го имитирал Христос (1. Кор. 11:1). Дискусија со присутните. Како Исус, Павле ги користел приликите за да им сведочи на ,оние кои ќе се затекнеле таму‘ (Дела 17:17). Кои прилики за тоа ги имаме на нашето подрачје? Кои ,се затекнуваат таму‘ кога одиме да пазаруваме, кога сме на работа или на училиште, или додека се возиме во јавен превоз? Со кого би можеле да дојдеме во контакт кога сме дома? Замоли ги присутните да раскажат искуства кога им сведочеле на луѓе што ги сретнале за време на секојдневните активности.

Песна 151 и заклучна молитва.

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели