ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/05 стр. 6
  • Пробај еден флексибилен пристап

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Пробај еден флексибилен пристап
  • Нашата служба за Царството 2005
  • Сличен материјал
  • Предложени презентации за служба на теренот
    Нашата служба за Царството 2005
  • Едноставни и делотворни понуди
    Нашата служба за Царството 1993
  • Зголемувај го интересот за Божјето Царство на мир
    Нашата служба за Царството 1994
  • Да ,преминеме на главното‘!
    Нашата служба за Царството 1999
Повеќе
Нашата служба за Царството 2005
km 1/05 стр. 6

Пробај еден флексибилен пристап

Нашиот искрен интерес за луѓето ќе нѐ поттикне да се обидеме да ги дознаеме нивните потреби и да им кажеме на кој начин Божјето Царство потполно ќе ги реши проблемите со кои се соочуваат (Фил. 2:4). За многу објавители бил делотворен пристапот да го замолат станарот да коментира за илустрациите со сцени од Рајот во нашите публикации, како што се овие во десната колона од оваа страница. Ова би можел да го направиш користејќи еден од следниве уводи:

◼ „Што мислите, дали некогаш ќе доживееме целото човештво да ужива во услови како овие на сликава?“

◼ „Сите ние би сакале нашите деца да уживаат во еден свет како овде на сликава. Според Вас, што е потребно да се постигне тоа?“

◼ „Ова е една илустрација како ќе изгледа Земјата кога Божјата волја ќе се врши на Земјата како што се врши на небото. Дали забележувате на сликава нешто што е поинакво од животот денеска?“

◼ „Дали би сакале да живеете во услови како што се прикажани тука? [Почекај да одговори.] Што мислите, дали ова ќе се случи за време на нашиот живот?“

Внимателно слушај го одговорот на лицето и дознај го неговото гледиште така што љубезно ќе му поставиш уште едно или две дополнителни прашања. Ако некои одговорат дека не би сакале да живеат во условите како што се прикажани на сликата или пак не веруваат дека е можно такво нешто, немој брзо да заклучиш дека не се заинтересирани. Тактично прашај зошто така размислуваат. Нивните одговори можеби ќе откријат длабока загриженост за наизглед нерешливите проблеми со кои се соочува човештвото (Езек. 9:4).

Кога ќе откриеш за што е загрижен станарот, приспособи ја твојата презентација. Истакни го оној аспект од пораката за Царството кој најмногу се однесува на неговите потреби. Покажи му еден или два стиха што се поврзани со работите за кои е загрижен. (Види ги предлозите во десната колона.) Самиот нека види што вели Божјата Реч. Ако покаже интерес, понуди му ја публикацијата и договорете се повторно да наминеш. Продолжи да го развиваш неговиот интерес.

[Рамка на страница 6]

Примери со сцени од Рајот

Книга Создавање: страници 237, 243, 251

Книга Учител: страници 251-254

Книга Спознание: страници 4-5, 188-189

Брошура Бара: страници 11, 13

Книга Вистински мир: страница 98

Книга Обожавај го Бог: страници 92-93

[Рамка на страница 6]

Некои работи што ги загрижуваат луѓето

Болести, инвалидности

Исаија 33:24; 35:5, 6

Војна, тероризам

Псалм 46:8, 9;

Михеј 4:3, 4

Депресија

Псалм 34:8;

Исаија 65:17-19

Корупција, неправда

Исаија 9:6, 7;

2. Петрово 3:13

Криминал, насилство

Псалм 37:10, 11;

Пословици 2:21, 22

Малтретирање на животни

Пословици 12:10

Морален распад

2. Тимотеј 3:1-5

Недостиг на храна, неисхранетост

Псалм 72:16;

Исаија 25:6

Неуспешна влада

Псалм 146:3, 4;

Даниел 2:44

Предрасуди, нееднаквост

Исаија 11:3-5;

Дела 10:34, 35

Сиромаштија, угнетување

Псалм 72:12-14;

Проповедник 8:9

Смрт, жалост

Исаија 25:8;

Откровение 21:3, 4

Станбени, економски проблеми

Исаија 65:21, 22

Уништување на Земјата

Откровение 11:18

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели