ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w22 Октомври стр. 2-5
  • 1922 — пред сто години

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 1922 — пред сто години
  • The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ЕДНА „СМЕЛА ИДЕЈА“
  • ШИРЕЊЕ НА ДОБРАТА ВЕСТ ПРЕКУ РАДИО
  • „ADV“
  • ЕДНА ВАЖНА ЗАДАЧА
  • 1919 — пред сто години
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • 1924 — пред сто години
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Да се служи со најпрогресивната организација
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • 1921 — пред сто години
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
Повеќе
The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
w22 Октомври стр. 2-5
Бината на конгресот во 1922 год. Над бината има натпис: „Објавувајте го Царот и неговото Царство“. Во задниот дел на бината се напишани буквите „ADV“.

Слика која одблизу ја прикажува бината и натписот кој виси над неа

1922 — пред сто години

„БОГ... ни ја дава... победата преку... Исус Христос!“ (1. Кор. 15:57). Овие зборови, кои биле избрани за годишен стих за 1922 год., ги потсетиле Истражувачите на Библијата дека Јехова ќе ги награди за нивната верност. Во текот на таа година, Јехова навистина ги наградил тие ревносни проповедници. Благодарение на неговиот благослов, тие почнале сами да ги печатат своите книги и да користат радио за да ја шират пораката за Царството. Подоцна истата година, се случило нешто што уште еднаш јасно покажало дека Јехова го благословува својот народ. Истражувачите на Библијата го одржале конгресот во Седар Поинт (Охајо, САД), кој бил од историско значење. Она што се случило на тој конгрес влијае врз сето она што го прави Јеховината организација оттогаш па сѐ до денес.

ЕДНА „СМЕЛА ИДЕЈА“

Колку повеќе се ширело проповедничкото дело толку поголема потреба имало од библиски публикации. Браќата во Бетелот во Бруклин самите ги печателе списанијата, но книгите со тврди корици морало да се печатат во фирми. Еднаш, една фирма неколку месеци не можела да испечати доволно книги кои браќата ги користеле во служба на проповедање. Затоа, брат Ратерфорд го прашал Роберт Мартин, братот кој бил одговорен за нашата печатница, што мисли за тоа дали би можеле сами да печатиме книги.

Фабриката на Конкорд Стрит во Бруклин (Њујорк)

Брат Мартин рекол: „Тоа беше смела идеја бидејќи требаше да отвориме цела фабрика за да печатиме свои книги“. Браќата изнајмиле простор на Конкорд Стрит бр. 18 во Бруклин и ја набавиле потребната опрема.

Не се радувале сите на тоа што браќата решиле самите да ги печатат своите книги. Директорот на фирмата која претходно ги печатела книгите ја посетил нашата нова фабрика. Тој рекол: „Имате првокласна опрема за печатење, а никој нема врска што треба да се прави со неа. За шест месеци сето ова ќе биде куп старо железо“.

Во врска со ова, брат Мартин рекол: „Тоа звучеше логично, но тој не го зеде предвид Господарот — кој секогаш беше со нас“. Брат Мартин бил во право. Набрзо потоа, во нашата нова фабрика се печателе 2.000 книги дневно.

Браќа стојат покрај машините за печатење во фабриката

ШИРЕЊЕ НА ДОБРАТА ВЕСТ ПРЕКУ РАДИО

Освен што почнале сами да печатат дел од своите книги, Јеховините слуги почнале да ја шират добрата вест и на еден нов начин — преку радио. Во недела попладне, на 26 февруари 1922 год., брат Ратерфорд за првпат зборувал на радио. Тој го одржал говорот „Милиони што живеат сега нема никогаш да умрат“, на една радиостаница во Лос Анџелес (Калифорнија, САД).

Се проценува дека програмата ја чуле околу 25.000 луѓе. Некои испратиле писма за да му изразат благодарност на брат Ратерфорд. Едно од тие писма било на Вилард Ашворд, жител на Санта Ана (Калифорнија). Тој му се заблагодарил на брат Ратерфорд за интересниот начин на кој го изнел својот говор. Потоа додал: „Бидејќи тројца од нашето семејство се болни, ќе беше невозможно да го слушаме говорот дури и ако тој се одржуваше во соседниот блок“.

Во наредните седмици биле одржани и други говори преку радио. Во Стражарска кула било објавено дека до крајот на 1922 год. најмалку 300.000 луѓе ја чуле пораката за Царството преку радио.

Охрабрени од реакцијата на луѓето, Истражувачите на Библијата решиле да направат радиостаница на еден имот на Стејтен Ајленд, во близина на Бетелот во Бруклин. Во наредните години, Истражувачите на Библијата ја користеле оваа станица, WBBR, за да им ја пренесат добрата вест на голем број луѓе во многу места.

„ADV“

Во Стражарска кула од 15 јуни 1922 год., било најавено дека од 5 до 13 септември 1922 год. ќе се одржи еден конгрес во Седар Поинт (Охајо). Истражувачите на Библијата биле многу возбудени кога пристигнале во Седар Поинт.

Во својот прв говор, брат Ратерфорд им кажал на присутните: „Апсолутно сум сигурен дека Господарот... ќе го благослови овој конгрес и ќе се погрижи на Земјата да биде дадено поголемо сведоштво од кога и да било порано“. Говорниците на конгресот постојано ги поттикнувале браќата и сестрите да проповедаат.

Присутните на конгресот во Седар Поинт (1922)

Потоа, петокот на 8 септември околу 8.000 луѓе влегле во салата и со нетрпение очекувале да започне еден говор на брат Ратерфорд. Тие се надевале дека тој ќе го објасни значењето на буквите „ADV“, кои биле отпечатени на нивните покани. Кога седнале на своите места, многумина од нив несомнено забележале едно големо платно кое било завиткано во ролна над бината. Артур Клаус, кој патувал до конгресот од Тулса (Оклахома, САД), нашол место кое му овозможило добро да ја слуша програмата. Ова не било лесно, бидејќи на конгресот не се користела опрема за озвучување.

„Внимателно го слушавме секој збор“

За да не може никој да го прекинува говорот на брат Ратерфорд, претседавачот на програмата најавил дека на никој што ќе задоцни нема да му биде дозволено да влезе во салата за време на говорот. Во 9:30 часот брат Ратерфорд го почнал својот говор така што ги цитирал зборовите на Исус кои се запишани во Матеј 4:17: „Се приближи небесното царство“. Додека зборувал за тоа како луѓето ќе чујат за ова Царство, тој рекол: „Самиот Исус кажал дека во времето на неговата присутност ќе ја води жетвата во која ќе учествуваат неговите следбеници, при што ќе ги собере кај себе оние што вистински го сакаат Бог“.

Брат Клаус, кој седел во салата, рекол: „Внимателно го слушавме секој збор“. Но, наеднаш му се слошило и морал да ја напушти салата. Артур со тешко срце излегол, знаејќи дека нема да може повторно да влезе внатре.

По неколку минути, тој веќе се чувствувал подобро. Додека се враќал кон салата, чул силен аплауз. Тоа уште повеќе ја разгорело во него желбата да го чуе остатокот од овој прекрасен говор, дури и ако морал да се качи на покривот. Брат Клаус, кој тогаш имал 23 години, навистина успеал да најде начин да се качи на покривот. Таванските прозорци биле отворени, и додека се приближувал кон нив, забележал дека може многу добро да го слуша говорот.

Но, Артур не бил сам. Некои негови пријатели исто така биле на покривот. Еден од нив, Френк Џонсон, му притрчал и го прашал: „Дали имаш остар џебен нож?“

„Да, секако“, рекол Артур.

Френк му рекол: „Ти си одговорот на нашите молитви. Го гледаш ли ова големо платно завиткано во ролна? Тоа е натпис кој е прицврстен за овие шајки. Слушај го внимателно судијата.a Кога ќе каже: ’И морате да го објавувате, објавувате‘, веднаш пресечи ги овие четири јажиња“.

И така Артур, со нож во раката го чекал договорениот знак заедно со другите. Наскоро, дошол најважниот дел од говорот на брат Ратерфорд. Понесен од емоции, брат Ратерфорд најверојатно на сет глас ги кажал следниве зборови: „Бидете верни и вистинити сведоци за Господарот. Тргнете напред во бој, сѐ додека не биде избришана секоја трага од Вавилон. Објавете ја веста надалеку и нашироко. Светот мора да знае дека Јехова е Бог и дека Исус Христос е Цар над царевите и Господар над господарите. Ова е ден над сите денови. Гледајте, Царот владее! Вие сте негови јавни застапници. Затоа, објавувајте, објавувајте, објавувајте го Царот и неговото Царство!“

Артур рекол дека тој и другите браќа ги пресекле јажињата, и дека платното со натписот се одвиткало без никаков проблем. На платното пишувало: „Објавувајте го Царот и неговото Царство“. Тогаш сите сфатиле дека трите букви „ADV“ се првите три букви од англискиот збор „advertise“ кој може да се преведе со „објавува“.

ЕДНА ВАЖНА ЗАДАЧА

Конгресот во Седар Поинт им помогнал на браќата и сестрите да се концентрираат на важната задача да ја проповедаат добрата вест. Оние што имале спремен дух биле среќни што можеле да имаат удел во ова дело. Еден од колпортерите (кои сега се нарекуваат пионери) од Оклахома (САД), напишал: „Проповедаме на подрачје каде што многу луѓе работат во рудници за јаглен и многу се сиромашни“. Тој рекол дека, кога луѓето ќе ја чуеле пораката која се наоѓа во списанието Златен век, почнувале да плачат. Овој брат накратко ги опишал своите чувства: „Многу сме среќни што можеме да им пружиме утеха на овие луѓе“.

Овие Истражувачи на Библијата знаеле колку се важни зборовите на Исус што се запишани во Лука 10:2: „Жетвата е голема, а работници има малку“. Како што се приближувал крајот на 1922 год., тие биле решени повеќе од кога и да било порано, насекаде да ја објавуваат пораката за Царството.

a Брат Ратерфорд понекогаш го нарекувале „судијата“ бидејќи повремено работел како судија во државата Мисури (САД).

Сведоштво за светот

На 26 февруари 1922 год., Истражувачите на Библијата низ светот учествувале во една посебна акција за сведочење. Тие одржувале посебни состаноци на кои заинтересираните лица можеле да го чујат говорот „Милиони што живеат сега нема никогаш да умрат“.

Говорот бил преведен на најмалку 33 јазици, а во Стражарска кула пишувало дека речиси секој брат кој можел да држи јавно предавање добил задача да го одржи тој говор. Истражувачите во Велика Британија организирале 306 состаноци на кои присуствувале 67.010 лица. Во Белгија, Франција и Швајцарија, на овие состаноци присуствувале повеќе од 15.000 лица кои зборувале француски. Кога виделе колку многу луѓе биле заинтересирани, Истражувачите на Библијата организирале уште неколку такви акции за сведочење истата година — на 25 јуни, на 29 октомври и на 10 декември.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели