ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g94 8/1 стр. 24-27
  • Мистериозните јавачи на небеските ветрови

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Мистериозните јавачи на небеските ветрови
  • Разбудете се! 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Каде може да се видат и како изгледаат?
  • Дали можат навистина да се чујат?
  • Трајни впечатоци
  • Поглед во светот
    Разбудете се! 2010
  • Жива планета
    Дали животот е Божје дело?
  • Спектакуларно патување по Патот број 1
    Разбудете се! 2003
  • Течност што значи живот
    Разбудете се! 2009
Повеќе
Разбудете се! 1994
g94 8/1 стр. 24-27

Мистериозните јавачи на небеските ветрови

„Кој освен Бог може да ги сфати ваквите бескрајни глетки на слава? Кој освен Бог може да ги изведе, боејќи ги небесата во една толку величествена слика?“

ШТО разбудило чувство на побожност кај Чарлс Ф. Хол, истражувач на Арктикот од XIX век? Еден од највосхитувачките природни феномени видливи за човечкото око, аврора бореалис — општо позната како поларна светлина.

Фасцинираноста од овие небески светлини датира од четвртиот век пр. н. е. кога грчкиот филозоф Аристотел ја напишал својата теорија за овој феномен. Меѓутоа, дури во 1621, францускиот научник и математичар Пјер Гасанди го вовел терминот „аврора бореалис“ (или северна зора) како што го употребуваме. Аврора било името на римската божица на зората, со розови прсти, од класичната митологија. Таа исто била мајка на ветровите, северниот ветер наречен Бореас.

Како се создава Поларната светлина? Дали можеби е предизвикана од сончевите зраци кои се рефлектираат од ситните кристали на мраз во воздухот? Или од рефлексијата на сонцето од големите санти мраз? Или пак, од експлозиите создадени со среќавање на топлиот и ладен воздух? Ниту едно од овие. Напредните научни студии го ставаат овој феномен во директна врска со активноста на сонцето и Земјиното магнетно поле.

Сто и педесет милиони километри далеку, во срцето на нашиот Сончев систем, започнува прекрасниот аврора-спектакл. Нуклеарните експлозии кои се случуваат на и во Сонцето, исфрлаат големи количества гас во вселената, од кои некои достигнуваат брзина од 4.000.000 километри на час. Овие бурни Сончеви ветрови кои содржат струи од високоенергетски честички, можат да стигнат до Земјината горна атмосфера за време од 24 до 48 часа. Додека навлегуваат во надворешните прстени на Земјиното магнетно поле, многу наелектризирани честички се фатени и привлечени кон половите. Тие подоцна се судираат со молекули на азот и атоми на кислород, при што доаѓа до турбуленција и се активира парада на светла. Слична реакција се случува кога го вклучуваме прекинувачот за неонско светло.

Понекогаш се чини дека завесите на утринското руменило ја допираат Земјата. Меѓутоа, овој феномен се случува само помеѓу 100 и 1.000 километри над Земјината површина. Судирите на помала височина создаваат нијанси на жолта и зелена боја, додека на поголемите височини се емитираат црвени и сини нијанси. Некои сцени се огромни — со опсег од 3 до 5 километри дебелина и преку 160 километри висина — простирајќи се буквално на илјадници километри.

Каде може да се видат и како изгледаат?

За жал, само мал процент од земјиното население некогаш ќе ја види Поларната светлина. Таа е практично непозната за луѓето кои живеат во тропските краишта. Меѓутоа, ако живееш на јужен Гренланд, Исланд, северна Норвешка или северна Алјаска, игрите на аврора можеш да ги видиш до 240 ноќи во годината. Во северен Сибир и централна Канада можат да се видат во околу 100 ноќи во годината, додека жителите на јужна Алјаска можат да ги посматраат само околу 5 ноќи годишно. Централен Мексико може да биде сведок на една таква случка само еднаш на секои десет години. Во Јужната хемисфера, овие разиграни светла, наречени аврора австралис, се приредби кои можат да ги видт главно фоки, китови и пингвини. Сепак, Нов Зеланд, делови од Австралија и Аргентина спаѓаат меѓу ретко населените аврора–региони и затоа можат да ја доживеат небесната глетка.

Јасното ноќно небо е идеална позадина за постојано променливата панорама од завеси, светлосни сводови и форми на водопади кои се брануваат и нишаат преку небото. Изгледа дека светлата се најјасни во еден невидлив појас кој ги опкружува северниот и јужниот геомагнетски пол, некаде помеѓу 55. и 75. степен географска ширина. Истражувачот на половите Вилјам Х. Хупер признава: „Залудни се зборовите во настојувањето да се опишат нејзините постојано променливи и сјајни фази; никакво перо ниту молив не можат да ги опишат нејзините разиграни бои и нејзината величественост“.

Дали можат навистина да се чујат?

Бидејќи научниците не ја исклучиле можноста да се појавуваат звуци како резултат на една аврора, нејасно е како би можела било каква распознатлива врева да доаѓа од внатрешноста на самата глетка. Феноменот се случува на прилично големо растојание над Земјата. Бидејќи на звукот му се потребни околу 3 секунди да помине еден километар, шумот забележливо ќе заостанува зад видливиот болскот.

Интересно е тоа што, во текот на една светла аврора, некој човек, кому очите му биле врзани, „скоро за време на секој брилијантен јуриш на утринското руменило, тој извикувал: ‚Зарем не ја слушате?‘“ Еден астроном–аматер, рекол: „Звучеше како целофан и пареа. Тоа беше еден од најстрашните моменти во мојот живот“. Еден староседелец од Форт Чимо (Унгава, Канада), бил замолен да раскаже што слушнал во една јасна ноќ, додека со својата запрега од кучиња се враќал накај дома. „Нешто почна да прави како хуу-у-у-уш, хиш, хуу-у-уш. Не беше ветрот. Ноќта беше мошне мирна. . . . И кучињата беа престрашени. Тие се разбегаа во сите правци, толку многу беа исплашени“.

Дали се ваквите звуци само халуцинации — шумови кои се слушаат само во главата? Некои мислат така. Меѓутоа, научникот Вилијам Петри, во својата книга Keoeeit—The Story of the Aurora Borealis, нуди едно можно објаснување. Тој заклучува: „Еден расипан прекинувач за светло може да произведе нејасно свиркање или звук на потпукнување додека се губи електричното полнење наместо да го следи нормалниот пат преку прекинувачот. Бидејќи Поларната светлина е резултат на навлегувањето на наелектризираните честички во атмосферата, некој би можел да очекува електричната состојба во близина на Земјината површина да се измени. Всушност, во последно време е утврдено дека условите се битно изменети како резултат на електричниот набој кој ‚истекува‘ од површината и, на тој начин, најверојатно произведува нејасен звук“.

Колкава енергија поседува? Тримесечното издание на Alaska Geographic од 1979, под наслов: Aurora Borealis—The Amazing Northern Lights, известува дека „електричната енергија поврзана со авроралното празнење е енормна — околу една милијарда вати или девет милијарди киловат-часови годишно, а тоа е повеќе отколку сегашната годишна потрошувачка на струја во САД, која изнесува нешто помалку од една милијарда киловат-часови!“ Аврора емитира бранови наречени радиошумови кои можат да се фатат со радиоприемник, но луѓето не можат да ги слушнат. За среќа, јоносферата нѐ штити од овој шум, и така сме во можност да користиме радио без пречки од аврора „шумовите“.

Насилните аврора-луњи веќе ги прекинувале комерцијалните комуникациски врски. Во една прилика груби телефонски разговори се помешале со пријатната музичка програма на една радиостаница. Еднаш, како резултат на Поларната светлина, нафтоводот Транс-Алјаска бил под електричен набој со јачина од 100 ампери. Дури и радарските системи биле измамени известувајќи напад од нуклеарни проектили. Една гигантска глетка над Северна Америка во 1941, наводно ги вознемирила галебите на пристаништето во Торонто (Канада).

Трајни впечатоци

Едвард Елис, авантурист и писател од IX век, на темел на набљудувањето на аврора бореалис, бил поттикнат да каже: „Го сожалувам човекот кој вели: ‚Не постои Бог‘ или кој може да остане мирен во длабините на својата душа покрај вакви прикази на бескрајна моќ“. Кога прв пат се посматраат овие мистериозни јавачи на небеските ветрови, предизвикуваат суперлативни изјави како што се страшно! прекрасно! величествено! Овој феномен е една таква атракција што луѓе од многу далечни места како што е Јапонија, чартираат летови до Јелонајф (Северозападни територии, Канада), само да ја видат Поларната светлина. Еден локален жител, за една таква група рекол: „Некои од нив плачеа после тоа, од што им беше толку убаво“.

Навистина, единствено делото на нашиот Најголем Креатор може да ги возбуди нашите емоции на таков еден прекрасен начин. Тоа е токму како што псалмистот бил поттикнат да напише: „Небесата ја објавуваат славата на Бога, а за делата на рацете Негови известува сводот небески“ (Псалм 18:1).

[Рамка на страница 26]

Легенди и суеверија за Аврора бореалис

Со генерации, северните култури верувале дека аврора претставувала:

„Факели во рацете на духовите кои душите на штотуку умрените ги водат во земја на среќа и изобилство“

„Духовите на умрените со глава од морж кои танцуваат на бал“

„Еден лош предзнак на војна и чума“

„Сеништата на погубените непријатели“

Навестување дека „времето ќе се расипе“

„Пламени над кои големиот маѓесник и воините . . . ги варат своите мртви непријатели во огромни лонци“

„Блескава змија, разиграна на небото“

„Духовите на децата кои умреле при породот“

„Помош за лекување на срцеви болести“

[Извор на слика на страници 24 и 25]

Фотографија на NASA

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели