ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g94 8/1 стр. 30
  • Го набљудуваме светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Го набљудуваме светот
  • Разбудете се! 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Од каде доаѓа сложеноста?
  • Сомнителни вродени маани во Унгарија
  • Европа предупредена пред етнички судири
  • Година на омразата
  • Јапонската расправија околу знамето и химната
  • Може ли светот да се обедини?
    Разбудете се! 1994
  • Нуклеарната закана — дали конечно ѝ дојде крајот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Прекумерното пиење и здравјето
    Разбудете се! 2005
  • Дали е возможен свет без војна?
    Разбудете се! 1996
Повеќе
Разбудете се! 1994
g94 8/1 стр. 30

Го набљудуваме светот

Од каде доаѓа сложеноста?

Многумина еволуционисти претпоставуваат дека првобитните живи организми биле едноставни, но најверојатно со текот на времето биле поттикнати од природната селекција и станувале сѐ посложени. Недамнешните истражувања не успеале да пронајдат таков прогрес кон повисока сложеност. Д-р Ден Мек Ши, палеобиолог, ги испитувал фосилните ’рбети на различни цицачи; друга, пак, студија се концентрирала на фосили од мекотелите. Ниту едно од истражувањата не дало било каков доказ за еволуционо стремење кон поголема сложеност. Ниту пак заклучиле дека поголемата сложеност може да се поврзе со поголеми шанси за преживување. Според The New York Times, експертите велат дека овие откритија „ќе дојдат како прилично изненадување за многумина биолози кои се навикнати да размислуваат на овој начин“. Times забележува: „Според д-р Мек Ши, претставата за стремење кон поголема сложеност може повеќе да биде израз на желбата на научниците да видат некаков напредок во еволуцијата, отколку рефлексија на некоја биолошка реалност“.

Сомнителни вродени маани во Унгарија

Во едно мало гратче во југозападна Унгарија, во 1989 и 1990, голем процент бебиња беа родени со по неколку вродени маани. Всушност, 11 од 15-те бебиња родени во тој период биле погодени со пореметувања како што се: Даунов синдром, аномалии на белите дробови, срцето и дигестивниот тракт. Оваа стапка беше 223 пати повисока отколку во останатиот дел од земјата. Андреј Чезел, заедно со еден тим составен од унгарски и германски научници, го насочија вниманието кон можниот виновник: пестицидот трихлорфон. Изгледа дека во 1988, селскиот рибник прифатил нова метода на употреба на трихлорфон: рибите биле нуркани во неразблажени хемикалии и враќани во водата, со количество на овие материи во рибата кое било илјада пати поголемо од дозволениот максимум. „Тоа е отров“, вели Чезел за трихлорфонот. Според списанието New Scientist, тој се менува во една друга хемикалија која е стопати посмртоносна и преку плацентата на мајката може да помине во фетусот.

Европа предупредена пред етнички судири

„Луѓето лесно можат да се претворат во машини за омраза и убивање“, предупредува Хосе-Мариа Мендилусе, специјален пратеник на високиот комесаријат за бегалци на ОН. Г-н Мендилусе, кој 19 месеци ја надгледувал програмата за бегалци во бивша Југославија, рекол дека е „многу опасна грешка“ на луѓето од Балканот да се гледа како на „битно различни од останатите Европејци“, и забележал дека слични етнички конфликти можат да избијат и во другите европски земји. „Сѐ што е потребно е една економска криза и неколку цинични политичари кои вината ја фрлаат врз доселениците, сиромашните или луѓето кои на било кој начин се разликуваат“, вели тој. Според извештајот на The New York Times, г-н Мендилусе забележува колку лесно водачите можат да распалат омраза „ширејќи лаги преку медиумите и создавајќи провокации“, тој тврди дека оние кои ги потпишуваат мировните договори не го промениле своето однесување, туку продолжуваат „со омраза и убивање“.

Година на омразата

„Година како што е 1992, им дава нова важност на некои стари прашања во врска со човековата природа“, забележува списанието Newsweek. „Овие раздори — сосед против сосед, раса против раса, националност против националност, се нешто кон што отсекогаш сме биле склони, а овогодишните настани ги зголемуваат сомневањата дали воопшто се подобруваме во надминувањето на овие провалии.“ Понатаму се вели: „,Мрази го својот ближен‘ изгледа е мотото на годината“. Зошто беше „човечката злоба“ толку видливо истакната во 1992? „Очевидно, анархијата е одговорна за поголемиот дел од насилството во минатата година“, пишува Newsweek, како и „неочекуваната економска несигурност“ која следеше по колапсот на советскиот комунизам. Како додаток на ова беа омразите во општеството предизвикани од страна на властите. Дали воените чувари на мирот се решението? „На Кипар, трупите на ОН скоро цели 20 години ги одделуваат грчките од турските заедници. Сигурни позади овој заштитен параван на ОН, ниту едната ниту другата страна не покажа ни најмала спремност на компромис“, одговара Newsweek.

Јапонската расправија околу знамето и химната

Неодамна објавените забелешки во Јамато (Јапонија), покажуваат дека школските ректори спровеле една директива на Министерството за образование во врска со кревање на знамето и пеење на националната химна . . ., наспроти силното противење од страна на голем број учители“, известува Mainichi Daily News. „Спорното прашање, дали треба Хиномару [националното знаме] и Кимигајо [националната химна] да се вклучат во школските свечености, даде повод за расправија ширум земјата, бидејќи овие две работи беа поврзани со јапонскиот ултранационализам и империјализам во военото време“. Според Asahi Evening News, противниците ги поврзуваат знамето и химната со обожавањето на царот и велат дека кога би ги присилувале децата да ја пеат химната, „тоа би значело дека им се наметнува едно специфично религиозно убедување“. Според нивното мислење, со тоа би биле повредени уставните права за религиозна слобода и совест.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели