ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g95 8/10 стр. 20-21
  • Дали некогаш сте се прашале?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали некогаш сте се прашале?
  • Разбудете се! 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дали некогаш сте се прашале? Библиски одговори
  • Религија што ја одобрува Бог
    Што навистина учи Библијата?
  • Дали си ја пронашол вистинската религија?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Зошто вистинското обожавање добива Божји благослов
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Дали сите религии му се допадливи на Бог?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Разбудете се! 1995
g95 8/10 стр. 20-21

Дали некогаш сте се прашале?

ПОКРАЈ стотиците религии, секти и култови кои постојат денес во светот, на кој начин можеш да ја препознаеш религијата што ја одобрува Бог? Тоа може да изгледа како да бараш игла во стог сено. Но, дали е потребно да го прегледуваш стогот сламка по сламка? Не. Можеш да ја примениш постапката на елиминација. Божјата Реч, Библијата, делува како магнет кој ќе ти помогне да ја препознаеш таа ‚една вера‘ (Ефесјаните 4:5).

Во едно претходно издание на ова списание, под темата „Дали некогаш сте се прашале?“ (април-јуни 1994, страница 25), го обработивме прашањето во врска со бесмртноста на душата. Расудувајќи на темел на Библијата, докажавме дека човекот нема бесмртна душа која добива благослов или, пак, се мачи после смртта (Проповедник 9:5, 10; Језекиил 18:4). Со таа едноставна вистина можеме да ја елиминираме секоја религија која поучува дека човекот има бесмртна душа. На тој начин остануваат само малку религии во нашата потрага по онаа религија која го има Божјето одобрување. Затоа, ајде да поставиме неколку прашања со кои уште повеќе ќе го намалиме списокот, а тоа ќе го постигнеме едноставно така што ќе ги побараме и ќе расудуваме врз основа на библиските стихови што се цитирани подолу.

1. Дали вистинското обожавање би возвишувало, би славело или недостојно би почитувало човечки религиозни водачи, давајќи им дури и небиблиски титули? (Псалм 95:5-7; Матеј 23:6-12; 1. Коринтјаните 3:5-9).

2. Дали вистинската религија би требало да биде претпријатие кое е насочено кон добивка за да можат нејзините водачи да живеат луксузно? (Матеј 6:19-21; Јаков 2:1-4; 5:1-3).

3. Дали вистинската религија би требало да носи назив според некое учење (како што се баптистичка, пентакостална), според нејзиното географско потекло (како што е Римска, Јужна, Англиканска црква), според нејзиниот несовршен основател (Лутер, Калвин, Весли) или според обликот на владеење што го применува (како што се Презвитеријанска, Епископална, Конгрегационалистичка)? (Исаија 43:10, 12; Дела 11:26).

4. Дали вистинското обожавање би требало да се обидува да го сокрие или да го замени Божјето име кое ни е откриено? (Исаија 12:4, 5; Матеј 6:9; Јован 17:26).

5. а) Како треба вистинската религија да гледа на Библијата? (Псалм 118:105; Лука 24:44, 45; Римјаните 15:4; 2. Тимотеј 3:14-16). б) Како треба да гледа на т.н. постбиблиски откровенија? (Галатјаните 1:8, 9).

6. Кон што и кон кого го свртуваат вниманието вистинските обожаватели кога станува збор за спасение? (Псалм 26:1; Матеј 6:33; Римјаните 16:25-27, НС; 1. Коринтјаните 15:27, 28; Откровение 11:15).

7. Врз основа на нејзините науки, какво однесување треба да покажува вистинската религија? (Матеј 22:37-40; Ефесјаните 4:23-29; спореди Галатјаните 5:19-21 со 5:22, 23).

8. Дали братството од вистински обожаватели на Бог, кое е раширено низ целиот свет, треба да биде вмешано во раздорната политика и во национализмот? (Даниил 2:44; 7:14; Јован 18:36; Римјаните 16:17; 1. Коринтјаните 1:10).

9. Дали обожавањето кое го одобрува Бог би дозволило да се учествува во војните и во расните или племенските убивања? (2. Мојсеева 20:13; Исаија 2:2-4; Јован 13:34, 35).

10. Кои се тие што денес низ целиот свет покажуваат вистинска христијанска љубов; не се разделени поради политика, раса или национализам; не возвишуваат човечки водачи; не ги искористуваат луѓето поради богатство или позиција; не учествуваат во војни; имаат библиско име и ја застапуваат владата на Божјето Царство како трајно решение за проблемите на човештвото? (Исаија 43:10, 12).

Дали некогаш сте се прашале? Библиски одговори

Следат некои од библиските стихови кои се наведени со прашањата на 20. страница:

1. „Сакаат прво место на гозбите и предни места во синагогите, и поздрави по улиците, и да им велат луѓето ‚учителе, учителе!‘ А вие, немојте да се наречувате учители, зашто еден е вашиот Учител — Христос, а вие сте сите браќа; и никого на земјата не викајте го свој татко, оти еден е вашиот Отец, Кој е на небесата; и наставници немојте да се именувате зашто, еден е вашиот Наставник — Христос. Но поголемиот меѓу вас да ви биде слуга; зашто, кој се воздига, ќе биде понизен; а кој се понизува, ќе биде воздигнат“ (Матеј 23:6-12).

2. „Не собирајте богатства на земјата, каде што ги јаде молецот и ’рѓата, и каде што крадците ги поткопуваат и крадат; но собирајте си богатства на небото, каде што ни молец, ниту ’рѓа ги јаде, и каде што крадци не ги поткопуваат, ниту крадат; зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше“ (Матеј 6:19-21). „Елате сега вие, богатите: плачете и ридајте за страшните маки, што идат на вас. Богатството ваше изгни, а алиштата ваши молци ги изгризаа. Златото ваше и среброто ви за’рѓа и ’рѓата нивна ќе биде сведоштво против вас и ќе го изеде телото ваше“ (Јаков 5:1-3).

3. „А Мои сведоци, вели Господ, сте вие и Мојот слуга, што го избрав, за да знаете и да Ми верувате, да разберете дека сум тоа Јас“ (Исаија 43:10). „Најнапред во Антиохија ги нарекоа учениците христијани“ (Дела 11:26).

4. „Славете Го Господа, повикувајте Го името Негово; разгласувајте ги меѓу народите делата Негови; напомнувајте дека името Негово е големо . . . нека го знаат тоа по целата земја“ (Исаија 12:4, 5). „Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое“ (Матеј 6:9).

5. а) „Како мал ги знаеш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса. Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во правдата“ (2. Тимотеј 3:15, 16). б) „Дури и ние, или ангел од небото да ви благовестеше нешто друго од она, што ви благовестевме ние, нека биде анатема!“ (Галатјаните 1:8).

6. „Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и сѐ ова ќе ви се придаде“ (Матеј 6:33). „Царството на светот стана царство на нашиот Господ и на Неговиот Христос, и Он Ќе царува во сите векови“ (Откровение 11:15).

7. „Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум; тоа е прва и најголема заповед; . . . Возљуби го својот ближен како себеси! На тие две заповеди се крепат целиот Закон и Пророците“ (Матеј 22:37-40). „Плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, долготрпеливоста, добротата, милосрдноста, верата, кротоста, воздржливоста. Против такви нема закон“ (Галатјаните 5:22, 23).

8. „Исус одговори: ‚Моето царство не е од овој свет; ако беше царството Мое од овој свет, тогаш Моите слуги би Ме бранеле, за да не им бидам предаден на Јудејците; но царството Мое сега не е овде‘“ (Јован 18:36).

9. „Не убивај!“ (2. Мојсеева 20:13). „Нова заповед ви давам, да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе“ (Јован 13:34, 35).

10. „А Мои сведоци, вели Господ, сте вие и Мојот слуга, што го избрав, за да знаете и да Ми верувате, да разберете дека сум тоа Јас . . . оти Јас сум Бог — вели Господ“ (Исаија 43:10, 12).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели