Насилство спрема жените
ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО НИГЕРИЈА
ОД ЛУЛКАТА до гробот, жените се жртва на насилство, според Извештајот за развој на човекот за 1995 на Обединетите нации. Проучувањата по целиот свет го откриваат следново:
Пред раѓањето. Во некои земји се прават тестови за да се одреди дали фетусот е машко или женско. Женските честопати се абортираат.
Во детството. Во Барбадос, Канада, Нов Зеланд, Норвешка, Соединетите Држави и Холандија, секоја трета жена известува дека била сексуално злоупотребувана во текот на детството или младоста. Во Азија и на други места, секоја година околу еден милион деца — повеќето женски — се втурнати во проституција. Милиони девојки ширум светот страдаат од осакатување на гениталните органи.
Во зрелоста. Во Мексико, Папуа Нова Гвинеја, Република Кореја и Чиле, 2 од секои 3 омажени жени се жртви на домашно насилство. Во Велика Британија, Канада, Нов Зеланд и Соединетите Држави, секоја шеста жена била силувана.
Во подоцнежниот живот. Повеќе од половината жени убиени во Бангладеш, Бразил, Кенија, Папуа Нова Гвинеја и Тајланд биле погубени од страна на минати или сегашни партнери. Во Африка, Јужна Америка, неколку Пацифички острови и Соединетите Држави, брачното насилство е водечка причина за самоубиство на жените.
Насилството спрема жените е карактеристично за она кое Библијата го нарекува ‚последни денови‘ во кои многумина ќе бидат „навредливи“, „бездушни“ и „брутални“ (2. Тимотеј 3:1—5, New American Bible). Можеме да бидеме благодарни за ветувањето на Јехова Бог дека после овие ‚последни денови‘, оптоварени со проблеми, тој ќе воспостави еден мирољубив нов свет во кој жителите на Земјата „ќе живеат спокојно и никој нема да ги заплашува“ (Језекиил 34:28; 2. Петрово 3:13). Под Божјето Царство, Исус Христос ќе „го ослободи сиромашниот кој вика на помош, и ожалостениот и секој кој нема помошник. Од угнетување и од насилство ќе ги избави душите нивни“ (Псалм 72:12, 14, ).