ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g99 8/2 стр. 8-9
  • Сида — каква е надежта за иднината?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Сида — каква е надежта за иднината?
  • Разбудете се! 1999
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Ќе има решение
  • Сида — како да се води борба против неа
    Разбудете се! 1999
  • Сида-та се шири во Африка
    Разбудете се! 2003
  • Сида — епидемијата продолжува
    Разбудете се! 1999
  • Мајките кои имаат СИДА се соочуваат со дилема
    Разбудете се! 2000
Повеќе
Разбудете се! 1999
g99 8/2 стр. 8-9

Сида — каква е надежта за иднината?

ОСВЕН недостигот на лекови за да се излекува или за да се спречи инфекцијата со ХИВ, постојат и други фактори кои дејствуваат против сузбивањето на болеста. Еден од нив е тоа што многу луѓе, бидејќи не сакаат да го променат својот начин на живот, се спремни да ризикуваат да се инфицираат. Во Соединетите Држави, на пример, стапката на инфекција останала иста и покрај опаѓањето на бројот на луѓето кај кои се појавила СИДА во целосен развој. Причината што ја изнесе Associated Press е дека „многу луѓе не ги следат предупредувањата во врска со превенцијата“.

Во земјите во развој ширум светот, во кои наводно се наоѓаат околу 93 проценти од оние кои се инфицирани со ХИВ, има дополнителни проблеми во соочувањето со болеста. Многу од тие земји се премногу сиромашни за да обезбедат дури и основна здравствена грижа. Дури и кога во тие земји би ги имало на располагање новите лекови — а во најголем дел ги нема — цената на лекувањето за една година би била повисока од она што многу луѓе го заработуваат во текот на целиот свој живот!

Сепак, да претпоставиме дека е произведен нов, ефтин лек кој би ја излечил болеста. Дали тој лек би дошол до сите оние на кои им треба? Веројатно не. Според Детскиот фонд при Обединетите нации, околу четири милиони деца умираат од пет болести кои можат да се спречат со ефтини вакцини кои постојат.

Што е со инфицираните луѓе кои живеат во земјите во кои не можат да се набават лекови за да се излечат? Рут Мота, од Меѓународната програма за здравство во Санта Круз (Калифорнија), помогнала да се организираат програми за превенција од ХИВ и грижа во десетина земји во развој. Таа вели: „Според моето искуство, позитивниот став е исто толку важен колку и достапноста на лековите. Познавам луѓе кои живееле со ХИВ 10 до 15 години и кои никогаш не зеле лек. Лековите се корисни, но лекувањето вклучува многу повеќе отколку само внесување хемикалии во телото. Тоа го вклучува ставот, друштвената поддршка, духовноста и исхраната“.

Ќе има решение

Постои ли некаква причина за да се верува дека СИДА-та еден ден ќе биде победена? Да, постои. Најголемата надеж е содржана во зборовите на она што многумина го нарекуваат Господова молитва или Оченаш. Во таа молитва, запишана во библиската книга Матеј, се молиме Божјата волја да се извршува на Земјата како што се извршува на небото (Матеј 6:9, 10). Божјата волја не е луѓето засекогаш да бидат измачувани со болест. Бог ќе одговори на таа молитва. Кога ќе го направи тоа, тој ќе ѝ стави крај не само на СИДА-та туку и на сите други болести кои го измачуваат човештвото. Тогаш „ниеден од жителите нема да каже: ‚болен сум‘“ (Исаија 33:24).

Во меѓувреме, најдобра тактика е превенцијата. За многу болести постојат две алтернативи: Можете или да ги спречите или да ги излечите. Со ХИВ не постои таков избор. Може да се спречи, но засега не може да се излечи. Зошто да преземате ризици кои можат да Ви го загрозат животот? Превенцијата сигурно е подобра отколку никаков лек.

[Истакната мисла на страница 9]

„Лекувањето вклучува многу повеќе отколку само внесување хемикалии во телото. Тоа го вклучува ставот, друштвената поддршка, духовноста и исхраната“ (Рут Мота).

[Рамка/слика на страница 9]

„Собранието беше прекрасно“

Апостол Павле ги поттикнал сохристијаните: „Да им правиме добро на сите, а најмногу на своите по вера“ (Галатјаните 6:10). Мајка ѝ на Карен, спомната во првата статија, раскажува како реагирало локалното собрание на Јеховините сведоци кога дознале дека Карен и Бил се заболени со ХИВ. Таа вели: „Собранието беше прекрасно. Кога Бил се разболе од пневмонија, и Карен беше болна и се бореше во грижата за него и за децата. Браќата им ја чистеа куќата, им го поправија автомобилот и им ја переа облеката. Им помогнаа во грижата за правните работи и во преселбата во друг дом. Им купуваа храна и им готвеа. Тоа беше едно вистинско давање на емоционална, духовна и материјална поддршка“.

[Слика на страница 8]

Брачната верност може да спречи инфекција со ХИВ

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели