ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g02 8/7 стр. 31
  • Посветли денови за подобар сон

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Посветли денови за подобар сон
  • Разбудете се! 2002
  • Сличен материјал
  • Спиење — луксуз или потреба?
    Разбудете се! 2003
  • Христијанското семејство им помага на остарените
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Одвоени, но не и заборавени
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Како да спиете подобро
    Разбудете се! 2003
Повеќе
Разбудете се! 2002
g02 8/7 стр. 31

Посветли денови за подобар сон

ДАЛИ имате проблеми со спиењето? Проблемот би можел да биде недоволна изложеност на светлина во текот на денот, особено ако сте постари. Истражувачите во Јапонија неодамна спроведоа едно истражување на жителите на старечки домови што страдале од несоница и откриле дека лошиот квалитет на сонот на испитаниците бил поврзан со нивната ограничена изложеност на светлина во текот на денот. Во исто време, анализите на крвта откриле дека овие постари жители имаат ниско ниво на хормонот мелатонин.

Мелатонинот го лачи епифизата во мозокот. Во нормални услови, секојдневниот ритам на лачење мелатонин предизвикува концентрациите во крвта да бидат „високи во текот на ноќта и речиси незабележливи во текот на денот“, вели извештајот во The Journal of Clinical Endocrinology & Metabolism. Меѓутоа, кога постарите лица не се доволно изложени на светлина во текот на денот, нивото на мелатонин во крвта опаѓа. Изгледа дека, што се однесува до телото, ова ја замаглува разликата помеѓу денот и ноќта, а истражувачите сметаат дека тоа влијае врз квалитетот на сонот.

Кога постари лица што имаат несоница биле изложени на четири часа вештачка светлина некаде напладне (од десет часот до пладне и од два до четири часот попладне) во текот на четири седмици, лачењето на мелатонин кај нив се покачило „на ниво слично на она кај паралелната група млади испитаници“, вели истиот извештај.a Во исто време се подобрил квалитетот на нивниот сон.

Овие откритија ги наведоа истражувачите „на мислење дека постарите лица, особено оние што имаат несоница, кои го минуваат поголемиот дел од денот на собна светлина, добиваат недоволен интензитет светлина за да го приспособат својот 24-часовен временски систем [внатрешниот часовник на нивното тело]“. Поради тоа што некои постари луѓе земаат додатоци на мелатонин за да можат да заспијат, извештајот забележува: „Со оглед на можните несакани последици од долготрајната примена на мелатонин, изложеноста на пладневна светлина може да биде попожелно, посилно, побезбедно и поконтролирано терапевтско средство за постарите лица со несоница кај кои е намалено лачењето на мелатонин“.

Според тоа, ако во поголемиот дел од денот сте во затворен простор и страдате од несоница, зошто не се обидете да минувате малку повеќе време надвор — или барем да дозволите колку што е можно повеќе светлина да влегува во Вашиот дом во текот на денот, а спалната соба да биде темна ноќе? Можеби ќе откриете дека посветлите денови придонесуваат за подобар сон.

[Фуснота]

a Истражувањето вклучувало две паралелни групи: десет млади луѓе и десет здрави постари станари од истиот старечки дом во кој престојувале и лицата што имале несоница.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели