ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g03 8/2 стр. 8-11
  • Дали СИДА-та ќе биде запрена? Ако да, како?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали СИДА-та ќе биде запрена? Ако да, како?
  • Разбудете се! 2003
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Напредок во медицината
  • Пречки во лекувањето
  • Пораз на СИДА-та
  • Сида — како да се води борба против неа
    Разбудете се! 1999
  • Мудро користете ги лековите
    Разбудете се! 1997
  • Сида-та се шири во Африка
    Разбудете се! 2003
  • Дроги — кој ги користи?
    Разбудете се! 2001
Повеќе
Разбудете се! 2003
g03 8/2 стр. 8-11

Дали СИДА-та ќе биде запрена? Ако да, како?

ИЗВЕСНО време, во многу африкански земји се негира дека СИДА-та има епидемиски размери. Тоа е тема на која некои луѓе не би сакале да зборуваат. Но, во последниве години се вложуваат напори да се едуцираат особено младите луѓе и да се охрабри на отворена комуникација. Овие напори имаат делумен успех. Начинот на живот на луѓето и нивните обичаи се длабоко вкоренети и тешко е да се направи промена.

Напредок во медицината

На полето на медицината, научниците научиле многу за ХИВ и произвеле лекови што им го продолжиле животот на многу луѓе. Ефикасно се користи комбинација на најмалку три антиретровирусни лекови, наречена многу активна антиретровирусна терапија.

Иако не ја лечат болеста, овие лекарства успеале да ја намалат стапката на смртност на оние што имаат ХИВ, особено во развиените земји. Многу луѓе нагласуваат колку е важно да се достават овие лекови во земјите во развој. Меѓутоа, лековите се скапи и сосема недостапни за повеќето луѓе во тие земји.

Ова покрена едно спорно прашање: Дали финансиската добивка е поважна од човечкиот живот? Ваквата ситуација ја признал директорот на бразилската програма за ХИВ/СИДА, д-р Пауло Тишира: „Не можеме да дозволиме илјадници луѓе да бидат препуштени сами на себе заради недостиг на лекови со кои можат да преживеат, само за да дојдат до профит што е далеку поголем од оној што нормално се добива“. Тој додал: „Многу сум загрижен за тоа комерцијалните интереси да не застанат пред етичките и човечките обѕири“.

Неколку земји одлучиле да отфрлат некои патенти на големи фармацевтски компании и да направат или да увезат верзии на некои лекови без заштитен знак по многу пониски цени.a Според едно истражување, „најниските цени [на лековите без заштитен знак] се за 82% помали од стандардните цени во САД“, известува South African Medical Journal.

Пречки во лекувањето

Со текот на времето, големите фармацевтски компании почнале да им нудат на земјите во развој лекови за СИДА по многу пониски цени. Се негуваше надеж дека на овој начин многу повеќе луѓе ќе можат да ги користат овие лекови. Меѓутоа, има некои големи пречки што треба да се надминат за да се стават овие лекови на располагање во земјите во развој. Една од нив е трошокот. Дури и по драстично намалени цени, лековите сѐ уште се премногу скапи за повеќето луѓе на кои им требаат.

Друг проблем е тоа што начинот на примена на лековите не е така едноставен. Многу апчиња мора да се земаат секојдневно, во точно определено време. Ако не се земаат исправно или ако се прекине медицинската постапка, тоа би можело да води до развој на некои видови на ХИВ што се отпорни на лекови. Тешко е да се обезбеди придржување за точни дози во африкански услови, каде што можеби има малку храна, малку чиста вода за пиење и мал број медицински установи.

Освен тоа, оние што ги земаат овие лекови мора да бидат под надзор. Ако се развие отпорност, мора да се смени комбинацијата на лекови. За ова е потребен искусен медицински персонал, а испитувањата се скапи. Исто така, лековите предизвикуваат нуспојави и се појавуваат видови на вирусот отпорни на лекови.

Во јуни 2001, на специјалниот состанок за СИДА што го одржа Генералното собрание на ОН, беше предложен еден Глобален здравствен фонд за да им се помогне на земјите во развој. Беше проценето дека е потребен износ од 7 до 10 милијарди долари. Вкупниот износ пари што се ветени за овој фонд досега нема да ја достигне планираната сума.

Научниците негуваат големи надежи дека ќе пронајдат вакцина, и во повеќе земји се тестираат различни вакцини. Дури и ако овие напори бидат успешни, ќе треба да поминат неколку години пред да се произведе, да се тестира и да се докаже дека некоја вакцина е безбедна за општа употреба.

Некои земји, како што се Бразил, Тајланд и Уганда, имале значителен успех со програмите за лекување. Бразил, користејќи локално произведени лекови, ја преполови стапката на смртност од СИДА. Малата земја Боцвана, која има финансиски средства, прави напори да им обезбеди антиретровирусни лекови на сите на кои им се потребни во таа земја и настојува да обезбеди неопходни објекти за здравствена нега.

Пораз на СИДА-та

СИДА-та се разликува од некои други епидемии во еден важен поглед: Таа може да се спречи. Ако луѓето се подготвени да се придржуваат за основните библиски начела, можат да избегнат зараза во многу, ако не и во сите случаи.

Библиските морални мерила се јасни. Оние што не се во брак треба да се воздржуваат од сексуални односи (1. Коринќаните 6:18). Луѓето што се во брак треба да му бидат верни на својот партнер и да не вршат прељуба (Евреите 13:4). Следењето на библиската опомена да се воздржуваме од крв исто така служи како заштита (Дела 15:29, 30).

Оние што веќе се инфицирани можат да најдат голема радост и утеха кога ќе дознаат за светот без болести што го ветува Бог во блиска иднина, а потоа ќе се подложат на Божјите барања.

Библијата нѐ уверува дека во свое време ќе им дојде крај на сите неволји на човештвото, вклучувајќи ја и болеста. Ова ветување е дадено во книгата Откровение: „Тогаш чув еден силен глас од престолот како вели: ‚Гледај, Божјиот шатор е со луѓето, и тој ќе престојува со нив, и тие ќе бидат негови народи. И самиот Бог ќе биде со нив. И тој ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ниту ќе има веќе тага ни пискот ни болка. Поранешните работи поминаа‘“ (Откровение 21:3, 4).

Ова уверување не е само за оние што можат да си дозволат скапо лекување. Пророчкото ветување од Откровение 21. поглавје е потврдено во Исаија 33:24: „Ниеден жител нема да рече: ‚Болен сум‘“. Тогаш сите луѓе што ќе живеат на земјата ќе се подложуваат на Божјите закони и ќе уживаат во совршено здравје. Така, смртоносниот марш на СИДА-та — и на сите други болести — ќе биде запрен засекогаш.

[Фуснота]

a Лековите без заштитен знак се имитација на лековите што ги патентирале други фармацевтски компании. Земјите членки на Светската трговска организација можат законски да ги поништат патентираните лекови во многу итни ситуации.

[Рамка/слики на страници 9 и 10]

ТОА БЕШЕ ВИСТИНСКИОТ ЛЕК ШТО ГО БАРАВ

Живеам во Јужна Африка и имам 23 години. Се сеќавам на денот кога дознав дека сум ХИВ-позитивна.

Бев со мајка ми во ординацијата кога лекарот ми ја кажа веста. Тоа беше најтажната вест што ја бев чула во мојот живот. Бев збунета. Не ми се веруваше. Мислев дека можеби во лабораторијата направиле грешка. Не знаев што да речам и што да правам. Ми се плачеше, но немав солзи. Лекарот почна да зборува со мајка ми за антиретровирусните лекови и за други работи, но јас бев премногу шокирана за да разберам нешто.

Сфатив дека можеби ме инфицирал некој на универзитетот каде што студирав. Многу сакав да разговарам со некого што ќе ја разбере мојата ситуација, но не можев да се сетам на никого. Ме преплавија чувства на безвредност и неуспех. Иако моето семејство ме поддржуваше, се чувствував безнадежно и уплашено. Како и секој друг млад човек, сонував за многу работи. Имав само уште две години за да дипломирам, но таа надеж ми пропадна.

Почнав да ги земам антиретровирусните лекови што ми ги препишаа, а одев и на советници за СИДА, но сѐ уште бев депримирана. Го молев Бог да ми го покаже вистинското христијанство пред да умрам. Бев членка на една пентакостална црква, но не ме посети никој од црквата. Сакав да ја знам вистината за тоа каде ќе одам по смртта.

Едно утро, во почетокот на август 1999, двајца Јеховини сведоци затропаа на мојата врата. Тој ден бев многу болна, но успеав да седам во дневната соба. Две госпоѓи се претставија и рекоа дека им помагаат на луѓето да ја проучуваат Библијата. Колку само ми олесна што конечно добив одговор на молитвите! Но, тогаш веќе бев толку слаба што не можев да читам ниту да се концентрирам долго време.

Сепак, им кажав дека сакам да ја проучувам Библијата и се договоривме за термин. За жал, пред да дојде договореното време, ме однесоа во психијатриска болница поради мојата депресија. Ме пуштија по три седмици и ми олесна кога дознав дека Сведоците не ме заборавиле. Се сеќавам дека едната од нив продолжи да контактира со мене за да види како сум. Физички донекаде закрепнав и кон крајот на годината почнав да ја проучувам Библијата. Но, тоа не ми беше лесно затоа што состојбата ми беше нестабилна. Сепак, жената што проучуваше со мене беше полна со разбирање и стрплива.

Многу бев импресионирана кога проучував за Јехова и неговите особини во Библијата, како и за тоа што навистина значи да го познаваш него и да очекуваш вечен живот. За првпат ја разбрав и причината за човечкото страдање. Многу се радував кога дознав за Божјето Царство, кое наскоро ќе ги замени сите човечки влади. Тоа ме мотивираше сосема да го променам мојот начин на живот.

Тоа беше вистинскиот лек што го барав. Колку само беше утешно кога сфатив дека Јехова сѐ уште ме сака и се грижи! Претходно мислев дека Бог ме мрази и дека затоа сум инфицирана со оваа болест. Но, дознав дека Јехова со љубов направил подготовка за простување на гревот на темел на откупната жртва на Исус Христос. Тогаш сфатив дека Бог се грижи, како што вели 1. Петрово 5:7: ‚Сета своја тегобна грижа фрлете ја на него, зашто тој се грижи за вас‘.

Проучувајќи ја Библијата секој ден и присуствувајќи на состаноците во Салата на Царството, навистина се трудам да бидам колку што е можно поблиска со Јехова. Иако не ми е секогаш лесно, му ги излевам на Јехова моите тегобни грижи во молитва и го молам за сила и утеха. Крај мене се и членовите на собранието и затоа сум среќна.

Редовно учествувам во делото на евангелизирање заедно со локалното собрание. Сакам да им давам духовна помош на другите, особено на оние што се во ситуација слична на мојата. Се крстив во декември 2001.

[Слика]

Многу се радував кога дознав за Божјето Царство

[Слика на страница 8]

Тим што дава совети за СИДА-та во Боцвана

[Слика на страница 10]

На рајската земја, сите луѓе ќе уживаат во совршено здравје

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели