ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g03 8/3 стр. 31
  • Спектакуларно откритие во окото

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Спектакуларно откритие во окото
  • Разбудете се! 2003
  • Сличен материјал
  • Посветли денови за подобар сон
    Разбудете се! 2002
  • Користење слики и видеоклипови
    Посвети се на читањето и поучувањето
  • Кога времето течеше побавно
    Разбудете се! 2011
  • Цени ги своите прекрасни дарби
    Разбудете се! 2011
Повеќе
Разбудете се! 2003
g03 8/3 стр. 31

Спектакуларно откритие во окото

НАУЧНИЦИТЕ веќе долго време знаат дека очите на цицачите содржат неврони што реагираат на светлина и што го регулираат биолошкиот, односно циркадијалниот часовник. Долго време се мислело дека оваа функција на осетливост на светлина ја извршуваат познатите клетки за вид наречени стапчиња и чепчиња. Но, како што известува списанието Science, во 1999 истражувачите откриле дека „мутантните глувци што ги немаат сите стапчиња и чепчиња [и затоа се практично слепи] сепак имаат часовник што реагира на светлина“. Ова ги навело истражувачите на заклучокот дека „и некои други клетки во окото мора да се осетливи на светлина“.

Сега се откриени овие таинствени сензори за светлина. Иако се помешани со стапчињата и чепчињата, кои создаваат слика, сензорите образуваат „одделна видна патека, која функционира паралелно со овој систем за вид што создава слика“, објаснува Science. Новооткриените функции на оваа видна патека вклучуваат регулирање на димензиите на зеницата и на ослободувањето мелатонин, усогласување на биолошкиот часовник на телото со циклусот на светлина и темнина, како и други задачи. Може дури и да игра улога во промената на расположението.

Значајно е тоа што сензорите за светлина не реагираат на кратките блесоци светлина за да не го збунат биолошкиот часовник, туку само на подолгите промени на интензитетот на светлина. Еден научник го опишал ова откритие како „спектакуларно“, додавајќи дека „тоа е најголемата пресвртница досега во однос на прашањето што е фоторецепторот кај цицачите“.

Јасно, колку повеќе учиме за животот, толку повеќе гледаме докази за честопати едвај забележливо, но сепак навистина генијално конструирање. Ваквиот увид поттикнува мнозина да ги повторат библиските зборови на фалба на Творецот: „Ти благодарам што сум создаден толку чудесно, што се Твоите дела прекрасни. Мојата душа тоа добро го знае“ (Псалм 139:14).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели