ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g03 8/10 стр. 3-4
  • Насилнички криминал — што се случува?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Насилнички криминал — што се случува?
  • Разбудете се! 2003
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Еден поинаков облик на криминал?
  • Зошто има толку многу насилнички злосторства денес?
    Разбудете се! 2003
  • Криминалот вон контрола!
    Разбудете се! 2008
  • Има ли решение за криминалот?
    Разбудете се! 2008
  • Младите во криза
    Разбудете се! 2005
Разбудете се! 2003
g03 8/10 стр. 3-4

Насилнички криминал — што се случува?

ФРЕНК и Габриела се шетале крај брегот на Орегон (САД) во раните утрински часови, гледајќи го изгревот на сонцето. Воопшто не претчувствувале што ќе се случи. По неколку минути двајцата биле мртви, застрелани во главата од непосредна близина. Дали се работело за одмазда? Или за љубомора? Не се работело ниту за едното ниту за другото. Убиецот, кој не ги познавал, си го остварил својот сон — сакал да знае како е да убиеш некого.

„Во недела, на 28 април 1996, Мартин Брајант го привлекол вниманието на западниот свет додека добро си се забавувал. Пукајќи во секого што ќе го сретнел додека талкал низ Порт Артур (Тасманија), тој ја чувствувал прекрасната возбуда што доаѓа од триумфот и моќта“ (A Study of Our Decline — Студија на нашето пропаѓање, од Филип Аткинсон). Исто така, тој убил 35 луѓе!

Еден 65-годишен пензионер во Канада се возел со велосипед рано наутро. Додека си возел, одзади го удрил возач кој побегнал мислејќи дека човекот е мртов. Велосипедот бил влечен по патот околу 700 метри. Во почетокот изгледало дека се работи за сообраќајка во која возачот избегал од местото на несреќата, но подоцнежната истрага покажала дека човекот бил удрен од возач на украден автомобил, кој сакал лудо да се провози. Изгледа дека тоа што го згазил велосипедистот било дел од таа „возбуда“.

Еден поинаков облик на криминал?

Криминалот е присутен меѓу нас со векови, но облиците на криминал што се опишани погоре ги тераат луѓето да извикнат: „Зошто? Како можел некој дури и да помисли да направи такво нешто?“ Иако вообичаените криминални дела, како што се кражбата или измамата, можеби нема да привлечат којзнае колкаво внимание, сѐ повеќе расте една категорија на дела што го пленуваат вниманието на медиумите и ги тераат луѓето да си речат: ‚Ова е бесмислено! Што се случува со овој свет?‘

Овие криминални дела се поинакви. Честопати тие се шокантни и злобни. Како што беше случај во горенаведените примери, тие обично се извршуваат врз невини луѓе што не ги познаваат извршителите. Освен тоа, честопати изгледа дека нема некој очигледен мотив за овие насилнички злосторства. Списокот на безумни чинови нема крај.

Во април 1999, во Колорадо (САД), 2 ученика убиле 12 други ученици и еден наставник пред да се самоубијат во едно пукање на училиште. Во 1982, во Калифорнија умрел еден човек откако без лекарски рецепт зел еден лек во кој некој додал стрихнин. Во 1993, две 10-годишни момчиња го намамиле 2-годишниот Џејмс Балгер да излезе со нив од трговскиот центар во Бутл (Мерсејсајд, Англија), додека мајка му била во месарница. Го однеле на железничката пруга и со стапови го претепале на смрт.

Некои дела можат да се класификуваат како тероризам, како што беше труењето во подземната железница во Токио, во 1995. Јапонија беше шокирана кога членовите на еден култ пуштија отровен гас во токиското метро, при што загинаа 12, а беа повредени илјадници лица. Малкумина можат да го заборават уривањето на Светскиот трговски центар во Њујорк и нападот на Пентагон, во Вашингтон (Д.К.), во кој беа изгубени околу 3.000 животи, како и бомбардирањето во Бали (Индонезија), кое минатата година однесе околу 200 животи.

Очигледно е дека ваквите насилнички злосторства станале многу раширени. Проблемот постои во целиот свет и влијае врз многу нации и класи на луѓе.

Во некои случаи изгледа како извршителите да се натпреваруваат, обидувајќи се да видат кој може да изврши најшокантно злосторство. Освен тоа, злосторствата мотивирани од омраза стануваат сѐ повообичаени. Тие се извршуваат со крајна суровост врз луѓе чија единствена „маана“ е тоа што се од поинаква раса, религија или етничка група — како што беше случај во 1994 кога во Руанда беа убиени околу 800.000 припадници на племето Тутси.

Поради сето ова многумина се прашуваат: ‚Што се случува? Дали и порано беше вака? Што би можело да стои зад ваквите ужасни злосторства? Каква надеж постои дека ќе се намалат или дека ќе се отстранат таквите злобни злосторства?‘ Во следната статија ќе ги разгледаме овие и некои други прашања.

[Истакната мисла на страница 4]

Насилничките злосторства честопати се извршуваат врз случајни жртви и без очигледен мотив

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели