ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/5 стр. 30
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2005
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Скапа навика
  • Век на војни
  • Корисно да им се чита на новороденчињата
  • Внимавајте што пиете!
  • Кога нашата атмосфера е оштетена
    Разбудете се! 1995
  • Битката да се спаси нашата планета
    Разбудете се! 1996
  • Набљудување на светот
    Разбудете се! 2003
  • Можат ли да се спасат видовите на Земјата?
    Разбудете се! 2001
Разбудете се! 2005
g05 8/5 стр. 30

Поглед во светот

Скапа навика

Според професор Кари Рејула од Финскиот завод за здравствена нега при работа, пушењето скапо го плаќаат не само пушачите туку и нивните работодавачи, а и непушачите. Само времето одвоено за паузи за пушење, „му носи загуба на финското стопанство од речиси 16.6 милиони евра годишно“, се известува на веб-страницата на финската радио-телевизија. Додатен проблем се боледувањата. Се проценува дека „работникот што пуши по една кутија цигари дневно, годишно отсуствува од работа 17 дена“. Професор Рејула понатаму вели: „Истражувањата покажуваат дека кај вработените што пушат почесто доаѓа до повреда при работата“. Освен тоа, според овој извештај, пушењето ги зголемува и трошоците за чистење и потрошувачката на електрична енергија, „бидејќи вентилацијата мора да работи на максимум“. Уште повеќе загрижува тоа што „секоја година во Финска умираат дури до 250 непушачи од болести што се последица од вдишување на чадот од цигарите на пушачите, било на работа било во слободно време“.

Век на војни

„Геноцидот е една од причините поради која 20-тиот век се смета за најкрвав век во историјата“, известува Buenos Aires Herald. Геноцидот се дефинира како систематско и планирано истребување на цела национална, расна, политичка или етничка група. Се проценува дека во текот на 20 век во такви крвопролевања беа убиени околу 41 милион луѓе. Меѓу скорашните примери е геноцидот во Руанда, каде што во 1994 година беа убиени 800.000 луѓе, главно од „цивили кои беа под влијание на пропаганда со која се разгоруваше омраза“. Аналитичарите велат дека во еден период од 100 дена, во просек биле убивани 8.000 луѓе дневно. Изразено во проценти, тоа се „петпати повеќе луѓе отколку што гинеле во гасните комори во Втората светска војна“, се вели во Herald.

Корисно да им се чита на новороденчињата

„Стручњаците дошле до заклучок дека, кога родителите им читаат на децата, тоа силно влијае врз целиот нивни живот. Затоа сега препорачуваат родителите да почнат да им читаат на бебињата само неколку часа по раѓањето“, вели The Toronto Star. Д-р Ричард Голдблум, кој пред две години во Канада ја предводеше првата програма за описменување на новороденчињата, вели: „Меѓу другото, јасно можевме да видиме дека децата уште од најрана доба навистина обрнуваат внимание кога некој им чита. Тие навистина слушаат“. Истражувањата покажуваат дека децата кои имале прилика да разгледуваат книги додека биле сосема мали, имаат побогат речник и подобро читаат. Според овој весник, „целта на оваа програма не е да се присилуваат децата да научат да читаат, туку да им се помогне да се запознаат со сложеноста и богатството на јазикот за да можат да научат да ги разликуваат зборовите, буквите и гласовите, а така постепено и ќе научат да читаат“.

Внимавајте што пиете!

Во Австралија, „секојдневно биле сексуално нападнати дури до пет лица откако во пабот, во ноќниот клуб или на некоја приватна забава испиле пијалаци во кои скришно им биле ставени алкохол или дрога“, предупредува весникот The Australian. Некои од тие опојни средства се без боја, без вкус и без мирис. Можат да предизвикаат дезориентација, укоченост или несвестица. Кај некои жртви дури предизвикале смрт. Едно национално истражување што го изврши Австралискиот институт за криминалистика откри дека „секоја година, околу 4500 лица испиваат пијалак во кој некој скришум ставил алкохол или дрога, а потоа до 40 отсто од нив се сексуално нападнати“, стои во овој весник. Кога ќе помине дејството на ваквите пијалаци, лицата дури и воопшто не можат да се сетат што им се случило.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели