ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/12 стр. 3
  • Богатството го поделува светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Богатството го поделува светот
  • Разбудете се! 2005
  • Сличен материјал
  • ‚Најдлабоки промени‘
    Разбудете се! 2000
  • Што се случи со светското единство?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Богатство за кого?
    Разбудете се! 2007
  • „Новиот светски поредок“ — разнишан почеток
    Разбудете се! 1996
Разбудете се! 2005
g05 8/12 стр. 3

Богатството го поделува светот

ВО ТЕКОТ на втората половина од 20 век, светот беше вовлечен во Студената војна и политички беше поделен на три блока. Комунистичкиот свет, кој главно беше предводен од Советскиот Сојуз, и некомунистичкот свет, предводен од Соединетите Држави, се набљудуваа преку една невидлива Железна завеса. Земјите што не се приклучија на ниедна од овие две страни, ги сочинуваа земјите од Третиот свет.

Подоцна на изразот „Третиот свет“ почна да се гледа како на понижувачки опис и затоа беше заменет со изразот „неразвиени земји“. Но, со текот на времето и овој израз поприми негативна конотација, поради што економистите почнаа да го користат изразот „земји во развој“. На тој начин, терминологијата повеќе не ги нагласуваше политичките туку економските разлики.

Сега, во 21 век, светот повеќе не е поделен на овие три политички блока. Меѓутоа, во економски и индустриски поглед, разликите меѓу развиените земји и земјите во развој сѐ уште постојат. Туристите од богатите земји се во контакт со посиромашните луѓе кои се борат да стават парче леб на масата.

Затоа, од голема важност е прашањето: Дали светот е принуден да остане економски поделен или, пак, е можно богатите, и сиромашните да бидат еднакви и да имаат ист животен стандард?

[Извор на слика на страница 3]

© Qilai Shen/Panos Pictures

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели